ARTICLE AD BOX
Apple би можел во 2029 година да претстави целосно нов MacBook модел со 13,8-инчен OLED дисплеј, со што потенцијално би создал нова продуктна категорија меѓу MacBook Air и MacBook Pro, според ажурираната производна патека на истражувачката компанија Omdia.
Најновата патека на Omdia го позиционира новиот 13,8-инчен MacBook помеѓу проектираните временски рамки за моделите Air и Pro. Изненадувачкиот модел наводно ќе користи хибриден OLED панел со еднослојна структура, наместо пософистицираната tandem OLED технологија која се очекува кај претстојните OLED модели на MacBook Pro, чие претставување се очекува кон крајот на оваа или почетокот на следната година.
Се чини дека ова предвидување не се појавило без никаква основа. Според извештај од јуни на ZDNet Korea, Apple претходно годинава побарал информации од Samsung Display, LG Display и BOE за 13,8-инчен OLED панел за MacBook. Во тој момент, општата претпоставка била дека панелот најверојатно е поврзан со работата на Apple на првиот OLED MacBook Air, кој се очекува најрано во 2028 година.
Сепак, во најновата патека на Omdia, OLED MacBook Air впечатливо отсуствува, а на негово место се појавува 13,8-инчниот OLED модел во посебна категорија на „нов“ производ. Новиот модел се очекува да има LTPO+ заднинска структура, интегриран систем за препознавање допир, камера поставена под дисплејот и филтер за бои интегриран во слојот за заштита на OLED панелот.

Од Omdia сметаат дека сè уште е премногу рано со сигурност да се утврди кој производител би ги испорачувал панелите за овој уред, но компанијата верува дека тој потенцијално би можел да стане важен масовен MacBook производ, позициониран меѓу MacBook Air со LCD дисплеј и поскапиот MacBook Pro со OLED екран.
Во меѓувреме, според проекциите, линијата MacBook Air би продолжила да користи LCD дисплеи дури и во 2030 година.
Секако, плановите на Apple за целосно преминување на OLED технологијата можат да се променат, а и самата Omdia нагласува дека нејзината производна патека се темели на моменталните очекувања на пазарот. Поради тоа, таа може да биде променета во секое време во зависност од производствениот капацитет за OLED панели, цените на компонентите и пошироката стратегија на Apple за своите производи.
Дополнително, ова е првпат да слушнеме за целосно нова MacBook линија, а нејзиното потенцијално претставување е дури за три години. Затоа, со потребната доза претпазливост, оваа информација засега треба да се стави во категоријата „ќе видиме“.

пред 19 часа
1









English (US) ·
Macedonian (MK) ·