ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден човек почина од западнонилска треска

пред 2 дена 4
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

МАКЕДОНИЈА ЈА ЕВИДЕНТИРАШЕ СЕДМАТА ЖРТВА НА ЗАПАДНОНИЛСКАТА ТРЕСКА

Уште еден човек почина од западнонилска треска, со што бројот на починати се искачи на седум.

Починатиот пациент бил 69-годишен маж од Општина Гази Баба, кој имал коморбидитети и бил најдолго хоспитализиран – повеќе од 38 дена. Со овој случај, бројот на починати од западнонилска треска во земјава се искачи на седум. Според Клековски, сите починати досега се мажи. 

„Регистриран е и еден нов сомнителен случај на западнонилска треска во изминатите три дена“, информира министерот за здравство Сашо Клековски.

КАЈ ТРИ УГИНАТИ ГАВРАНИ Е ПОТВРДЕН ВИРУСОТ

Над 130 пријави за пронајдени угинати птици пристигнале до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 24 до 27 август, а досега кај три птици е потврдено присуство на вирусот на западнонилска треска.

Од АХВ информираат дека вирусот е откриен кај два угинати гаврани пронајдени во Скопје и еден гавран пронајден во Ресен.

Иако бројот на пријави е голем, не сите птици можеле да бидат испитани. Од АХВ објаснуваат дека голем дел од пријавените птици биле во напредна фаза на распаѓање, поради што не биле погодни за земање примероци и лабораториско испитување.

ВО ТЕЛЕФОНСКИОТ ИМЕНИК НА ЃОКО РИСТОВ ИМАЛО ИМИЊА НА ПОЗНАТИ ЛИЦА ОД ПОЛИТИЧКИОТ И БИЗНИС СЕКТОРОТ

За телефонскиот именик на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов се говореше на денешното судење, при што обвинителката Искра Хаџи-Василева прочита повеќе познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот кои биле запишани меѓу неговите контакти.

Беа споменати Бојан Јовановски, познат како Боки 13, пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, кој во именикот на Ристов бил запишан како „бабе Исмаил“, како и неговиот син Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол“. Споменат бил и бизнисменот Зоран Азманов. 

На списокот се наоѓале и Фехми Стафа, кој во јавноста се поврзува со случајот со осомничениот Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, како и Исмет Гури, поранешен директор на УЈП и функционер на ДУИ, кој беше опфатен во предметот „Титаник 3“.

МАКЕДОНСКИ ХЕЛИКОПТЕР ГАСНЕ ПОЖАР ВО КОСОВО

На барање на Република Косово, Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на меѓудржавна помош за справување со пожар.

„По приемот на барањето, како директор на Центарот за управување со кризи, бев во директна и континуирана координација со сите надлежни институции, заедно со Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб, со цел навремено активирање на нашите капацитети и обезбедување помош за справување со големиот пожар што ја зафати нашата соседна држава. Ова не е само интервенција за гаснење пожар. Ова е историски момент и потврда на нашата подготвеност да им помогнеме на нашите соседи, но и пошироко, секогаш кога тоа е најпотребно“, порача директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Мухaмед Али.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Според месечната анкета на HReyting за HRT објавена годинава, огромното мнозинство од испитаниците, повеќе од 70 проценти, веруваат дека учењето на хрватскиот јазик е неопходно за странските работници да функционираат, и на работа и надвор од неа.

„Украинскиот претседател Владимир Зеленски е во критична ситуација кога политичките конкуренти дома му бараат избори, мобилизацијата не се реализира според потребите, САД не испорачува ново оружје, Зеленски бара оданпред да му ги платат 90-те милијарди од ЕУ за оружје и одржување на државната админситрација – и ништо од тоа не доаѓа. 

Македонскиот бизнисмен Шефшет Демировски во изминатите години изгради бизнис во воено-наменската индустрија кој се протега од производство на шлемови и панцири, преку машини за производство на муниција, до малокалибарска муниција по НАТО стандарди.

foto Gemini

Можеби ќе ве интересира

Ќе биде отворен граничен премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија

Ќе биде отворен граничен премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија

АХВ: Има над 130 пријави, а западнонилската треска е потврдена кај два угинати гаврани во Скопје и еден во Ресен

АХВ: Има над 130 пријави, а западнонилската треска е потврдена кај два угинати гаврани во Скопје и еден во Ресен

Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово

Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово

Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?

Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?

Кои познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот биле во телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов?

Кои познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот биле во телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов?

Маж од Гази Баба почина од западнонилска треска

Маж од Гази Баба почина од западнонилска треска

Мицкоски тврди дека изјавата на Маѓар не се однесува на земјите од Западен Балкан

Мицкоски тврди дека изјавата на Маѓар не се однесува на земјите од Западен Балкан

Ѓорѓиевски најави мерки за спречување на врсничкото насилство

Ѓорѓиевски најави мерки за спречување на врсничкото насилство

49 нови комунални возила за Скопје и 10 општини: Градовите добиваат засилување за хигиената

49 нови комунални возила за Скопје и 10 општини: Градовите добиваат засилување за хигиената

Прочитај ја целата статија