АХВ: Има над 130 пријави, а западнонилската треска е потврдена кај два угинати гаврани во Скопје и еден во Ресен

пред 2 дена 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Над 130 пријави за пронајдени угинати птици пристигнале до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 24 до 27 август, а досега кај три птици е потврдено присуство на вирусот на западнонилска треска.

Од АХВ информираат дека вирусот е откриен кај два угинати гаврани пронајдени во Скопје и еден гавран пронајден во Ресен.

Иако бројот на пријави е голем, не сите птици можеле да бидат испитани. Од АХВ објаснуваат дека голем дел од пријавените птици биле во напредна фаза на распаѓање, поради што не биле погодни за земање примероци и лабораториско испитување.

Агенцијата продолжува да ја следи состојбата на теренот за да утврди каде и во колкав обем циркулира вирусот и да го процени ризикот од негово понатамошно ширење.

Надзорот ќе се спроведува низ целата држава и ќе опфати живина што се одгледува во дворови и селски стопанства, птици што се чуваат во оградени или затворени простори, како и водни птици во некомерцијални одгледувалишта.

Сепак, граѓаните треба да бидат внимателни доколку на едно место и во краток период забележат поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици.

Таквите случаи треба да се пријават до Агенцијата за храна и ветеринарство.

За поединечни угинати птици во Скопје, пак, граѓаните треба да ги известат надлежните комунални служби, односно ЈП „Комунална хигиена“, за птиците да бидат собрани и соодветно отстранети.

АХВ продолжува со активниот надзор на целата територија на државата.

Од АХВ посочуваат дека досегашното следење веќе потврдило дека вирусот циркулира меѓу птиците во Скопје.

Поради тоа, поединечните случаи на угинати птици во Скопје нема потреба дополнително лабораториски да се испитуваат.

Досега седум луѓе починаа од западнонилска треска во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден човек почина од западнонилска треска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден човек почина од западнонилска треска

Ќе биде отворен граничен премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија

Ќе биде отворен граничен премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија

Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово

Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово

Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?

Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?

Кои познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот биле во телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов?

Кои познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот биле во телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов?

Маж од Гази Баба почина од западнонилска треска

Маж од Гази Баба почина од западнонилска треска

Мицкоски тврди дека изјавата на Маѓар не се однесува на земјите од Западен Балкан

Мицкоски тврди дека изјавата на Маѓар не се однесува на земјите од Западен Балкан

Ѓорѓиевски најави мерки за спречување на врсничкото насилство

Ѓорѓиевски најави мерки за спречување на врсничкото насилство

49 нови комунални возила за Скопје и 10 општини: Градовите добиваат засилување за хигиената

49 нови комунални возила за Скопје и 10 општини: Градовите добиваат засилување за хигиената

Прочитај ја целата статија