ARTICLE AD BOX
По повод 8-ми Септември-Денот на независноста, ќе биде отворен граничниот премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија.
Ќе биде отворен привремен граничен премин меѓу селата Огут, Крива Паланка, Република Северна Македонија и Калово, Трговиште, Република Србија.
„Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека на 8 септември 2026 година во село Огут ќе се одржи традиционалниот народен собир и заедничко чествување на празникот. По тој повод, предвидено е отворање на привремен граничен премин меѓу селата Огут, Општина Крива Паланка, Република Северна Македонија и Калово, Општина Трговиште, Република Србија. Привремениот граничен премин ќе биде во функција на 8 септември 2026 година, во периодот од 9 до 23 часот и 30 минути, со овозможено пешачко движење на граѓаните преку државната граница кај граничен камен 12 во селото Огут. Отворањето на преминот е во рамки на традиционалното заедничко чествување и овозможува средба и празнично дружење на жителите од двете страни на границата“, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.
Ги покануваат граѓаните да бидат дел од традиционалниот народен собир и заедничкото одбележување на празникот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден човек почина од западнонилска треска
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден човек почина од западнонилска треска
АХВ: Има над 130 пријави, а западнонилската треска е потврдена кај два угинати гаврани во Скопје и еден во Ресен
Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово
Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово
Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?
Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?
Кои познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот биле во телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов?
Мицкоски тврди дека изјавата на Маѓар не се однесува на земјите од Западен Балкан
Мицкоски тврди дека изјавата на Маѓар не се однесува на земјите од Западен Балкан
Ѓорѓиевски најави мерки за спречување на врсничкото насилство
Ѓорѓиевски најави мерки за спречување на врсничкото насилство
49 нови комунални возила за Скопје и 10 општини: Градовите добиваат засилување за хигиената
49 нови комунални возила за Скопје и 10 општини: Градовите добиваат засилување за хигиената







English (US) ·
Macedonian (MK) ·