ARTICLE AD BOX
Credissimo ја продолжи традицијата и шеста година по ред ги израдува првачињата со подароци за успешен почеток на новото поглавје во нивниот живот. Компанијата, во рамки на кампањата „Секогаш биди број 1“, посети повеќе основни училишта во неколку градови низ Македонија и донираше пакет подароци со училишни материјали за првачињата. Годинава дел од оваа активност се основни училишта во населби и села во Струмица, Крива Паланка, Скопје, Прилеп, Куманово, Штип, Свети Николе и Крушево. Станува збор за училишта кои не беа вклучени во кампањата во текот на изминатите пет години бидејќи целта на Credissimo е „Секогаш биди број 1“ да стигне до што повеќе населени места во државата.
„Ова е една од нашите најдраги активности за општествена одговорност, со оглед на тоа што е посветена на најмладите кои започнуваат ново патување во училишните клупи. Секогаш е добро да се инвестира во децата и нивниот раст и развој бидејќи тие се нашата иднина. Особено нѝ е драго што во изминатите шест години успеавме кампањата „Секогаш биди број 1“ да ги израдува првачињата во речиси сите населени места низ Македонија, но тоа не значи дека ќе запреме, туку со задоволство ќе ја спроведуваме и во иднина“, вели Георги Руков, ко-основач и управувачки партнер во Credissimo.
Годинава дел од училиштата во кои беа доставени подароци за првачињата е Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, кое обезбедува воспитно – образовни активности за ученици со попреченост.
„Задоволство нѝ е што годинава ОУРЦ „Иднина“ е дел од кампањата „Секогаш биди број 1“ и што нашите првачиња добија подароци со училишни материјали за успешен почеток на новата учебна година. Не постојат мали и големи иницијативи, туку само иницијативи кои се искрени и од срце, особено кога се насочени кон поддршка на децата. Ние ги учиме нашите ученици дека поддршката и другарството се едни од најважните работи во животот, и токму затоа драго нѝ е што се вклучивме во активноста на Credissimo“, вели Лорета Андреевска, директорка на ОУРЦ „Иднина“.
Во рамки на кампањата „Секогаш биди број 1“, за шест години Credissimo подари пакети со училишен приобор на вкупно 3770 првачиња во 86 основни училишта. Компанијата спроведува повеќе општествено одговорни активности насочени кон подигнување на свеста за машкото и женското здравје, еко-акции, реновирање библиотеки и донации во Зоолошката градина во Скопје.
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
Инвестиција од 7 милиони денари: Свечено отворен Capitol Park во Аеродром
Инвестиција од 7 милиони денари: Свечено отворен Capitol Park во Аеродром
За првпат целосно дигитални учебници за деветто одделение – „Арс Ламина“ ги обезбедува бесплатно за сите ученици и наставници
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ПАРТНЕР НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ОЛИВЕР СОКОЛОВ - СОКОЛ“
Кога конкурентите работат за иста цел: ОИЛТЕК повторно над националните цели
Кога конкурентите работат за иста цел: ОИЛТЕК повторно над националните цели
Шпаркасе Банка и Winner Life со Unit Linked – инвестиција и заштита за иднината
Шпаркасе Банка и Winner Life со Unit Linked – инвестиција и заштита за иднината
„Најдоброто од Македонија“ вечерва пред Т Арена, со поддршка од Македонски Телеком
„Најдоброто од Македонија“ вечерва пред Т Арена, со поддршка од Македонски Телеком
„Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски – добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година
Дали Galaxy Z Fold8 Ultra го оправдува статусот на врвна деловна алатка?
Дали Galaxy Z Fold8 Ultra го оправдува статусот на врвна деловна алатка?
Нови научни сознанија: Електронските цигари помагаат за оддалечување од традиционалните
Нови научни сознанија: Електронските цигари помагаат за оддалечување од традиционалните








English (US) ·
Macedonian (MK) ·