ARTICLE AD BOX
Паметниот радијаторски термостат IKEA Liljebagge со поддршка за Matter и Thread е достапен по цена од само 15 евра
Шведскиот гигант IKEA продолжува интензивно да го проширува екосистемот на паметниот дом со лансирањето на својот прв паметен термостат за радијатори – IKEA Liljebagge.
Уредот носи поддршка за современи стандарди за поврзување, и тоа по исклучително пристапна цена. Со тоа директно се позиционира како еден од најевтините паметни термостати на пазарот.
Новиот модел веќе се појави во понудата на официјалната веб-страница на компанијата во Шведска, по цена од околу 15 евра. Наскоро се очекува официјална потврда за достапноста и цените на останатите европски и светски пазари. Таман пред почетокот на новата грејна сезона.

Поддршка за стандардите Matter и Thread
IKEA Liljebagge е наменет за поставување на класични вентили на водени радијатори и овозможува независна контрола на температурата во секоја просторија. Поврзувањето со паметниот дом се реализира преку Threadпротоколот. Поддршката за стандардот Matter обезбедува целосна компатибилност со различни системи за паметен дом, меѓу кои Apple Home, Google Home и Samsung SmartThings.
За користење на напредните функции и далечинско управување преку апликацијата IKEA Home smart, потребен е хаб со вграден Thread Border Router, како што е хабот Dirigera на компанијата.
Покрај управувањето преку мобилната апликација, поставките можат да се менуваат и директно на самиот уред со помош на копчињата. Температурата се зголемува или намалува во чекори од 0,5 степени Целзиусови.
Бидејќи секој термостат може да се користи независно, можно е да се одржува прецизно посакуваната температура во секоја просторија. Освен што се заштедува енергија, на овој начин може да се намалат и трошоците за греење.

IKEA Liljebagge има екран и батерија
IKEA Liljebagge е опремен со дискретен интегриран екран кој автоматски се исклучува кога не се користи, со што се спречува несаканото светло во текот на ноќта.
Термостатот се напојува со две стандардни AA батерии, за кои производителот наведува дека обезбедуваат до 18 месеци автономија пред да биде потребна замена. Секако, се препорачува користење на батерии на полнење, како што се LADDA на IKEA или други компатибилни батерии.
Со претставувањето на Liljebagge, IKEA значително ја намалува почетната цена за автоматизација на домашното греење. Компанијата нуди модерно решение засновано на отворен стандард, по повеќекратно пониска цена во споредба со конкурентските брендови.
Во овој сегмент на паметни уреди, грејната сезона очигледно стана значително „потопла“.

пред 2 дена
1









English (US) ·
Macedonian (MK) ·