ARTICLE AD BOX
Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави напади врз Русија. Тој вели дека секој што лета за Москва и Санкт Петербург е во сериозна опасност.
Зеленски синоќа ги предупреди авиокомпаниите, осигурителите компании и странските влади дека рускиот воздушен простор „де факто ќе биде затворен“ поради украинските дронови.
Вели дека Украина не ја загрозува цивилната авијација, но превозниците што летаат до Москва, Санкт Петербург или други големи воздушни центри мора да го земат предвид ризикот од дронови во рускиот воздушен простор.
„Денес сакаме да ги предупредиме сите авиокомпании што го користат рускиот воздушен простор, сите осигурители и сите што сè уште ги користат клучните руски аеродроми – руското небо станува апсолутно опасно. Иако руските власти не го пријавуваат тоа како што треба, руското небо де факто ќе биде затворено“, рече тој.
Нападите со беспилотни летала врз руските градови, вклучувајќи ја и Москва, неодамна станаа речиси вообичаени и честопати доведуваат до привремено затворање на аеродромите.
Иако руската престолнина е добро заштитена од воздушни закани, украинските власти претходно истакнаа дека нарушувањето на воздушниот сообраќај е стратешки начин за приближување на војната на Кремљ против Украина до руското население., пишува „Киев индепендент“.
Руската инвазија на Украина трае веќе петта година.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
Можеби ќе ве интересира
Објавено е кои европски земји имаат најмногу, а кои најмалку луѓе со факултет
Објавено е кои европски земји имаат најмногу, а кои најмалку луѓе со факултет
Путин најави можност за мировен договор со Украина, САД и Кина подготвени да помогнат
Путин најави можност за мировен договор со Украина, САД и Кина подготвени да помогнат
Германија ја забрзува воената подготовка, генерал предупредува дека „непријателот нема да чека“
Германија ја забрзува воената подготовка, генерал предупредува дека „непријателот нема да чека“
Путин вели дека секој што би се обидел да ја „проголта“ Русија ќе помине многу лошо
Путин вели дека секој што би се обидел да ја „проголта“ Русија ќе помине многу лошо
За 10 минути во Непал можело да бидат избегнати големите човечки загуби?
За 10 минути во Непал можело да бидат избегнати големите човечки загуби?
„Амазон“ обвинет за вештачко зголемување на цените за рекламирање и илегална заработка од милијарди долари
Британија ги заострува казните за заобиколување на санкциите кон Русија
Британија ги заострува казните за заобиколување на санкциите кон Русија
Американска фирма презема нафтени полиња во Венецуела од кинески и руски компании
Американска фирма презема нафтени полиња во Венецуела од кинески и руски компании






English (US) ·
Macedonian (MK) ·