ARTICLE AD BOX
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до крајот на годината се очекува раст на БДП меѓу 3,5 и 4 отсто.
Очекувањата, како што наведе се во услови кога светот ја има најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото.
„Во вториот квартал има исклучително силна економска активност во Македонија. Убедливо најголема во регионот. Сѐ уште не се познати податоците за Грција, Косово и Албанија, но споредено со сите држави во регионот, од Турција преку Бугарија, Романија, Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска и така натаму, имаме убедливо најголем раст, и не само во вториот квартал, туку и во првото полугодие од годината“, изјави Мицкоски.
Резултатите, додава Мицкоски, се постигнати во сложени глобални услови, додека светот се соочува со енергетска и економска криза, и Европската Унија бележи раст од 1,2 отсто, а еврозоната од само еден процент.
„2024 година ја завршивме со раст на бруто-домашниот производ од отприлика 3 отсто, 2025 година 3,5, а оваа година во првата половина сме 3,7 проценти. Очекуваме годината да ја завршиме меѓу 3,5 и 4 проценти во услови кога ја имаме во светот најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото, војната во Украина, но и сѐ поголемата економска криза во Европа и тоа мислам дека претставува навистина добар и позитивен резултат“, рече Мицкоски.
Според него, Владата дава максимални напори за решавање на наследените проблеми и дека по 25-26 месеци напорна работа Македонија е значително подобро место за живеење.
foto printskrin youtube
Можеби ќе ве интересира
ДВОЈКА ЈА ПРОДАДЕ КУЌАТА И ЖИВЕЕ ВО КАМП-ПРИКОЛКА: Раскажаа кои се позитивните и негативните страни
ДВОЈКА ЈА ПРОДАДЕ КУЌАТА И ЖИВЕЕ ВО КАМП-ПРИКОЛКА: Раскажаа кои се позитивните и негативните страни
(ВИДЕО) Жена си изградила куќа за осум месеци, а чинела колку подобар автомобил
(ВИДЕО) Жена си изградила куќа за осум месеци, а чинела колку подобар автомобил
Германците најавуваат промени во пензиите: Некои би можеле да добијат 527 евра помалку
Германците најавуваат промени во пензиите: Некои би можеле да добијат 527 евра помалку
Зошто сите сакаат да се приклучат кон ЕУ, освен богатите земји?
Зошто сите сакаат да се приклучат кон ЕУ, освен богатите земји?
Што се случи со цената на нафтата на неделно ниво?
Што се случи со цената на нафтата на неделно ниво?
Иран ја заобиколи американската поморска блокада за да ги одржи испораките на нафта?
Иран ја заобиколи американската поморска блокада за да ги одржи испораките на нафта?
Адора купи 23.000 квадрати до хотел Русија во Аеродром - која е цената?
Адора купи 23.000 квадрати до хотел Русија во Аеродром - која е цената?








English (US) ·
Macedonian (MK) ·