Николоски до превозниците: Не наседнувајте на лажни вести, решение за Шенген ограничувањето веќе се бара

пред 2 дена 2
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги повикува превозниците од Македонија да не потпаѓаат под влијание на соседните држави и да не наседнуваат на лажните вести кои ги лиферуваат.

-Пред два дена во Брисел немаше никаков состонок, туку вообичаена редовна прес-конференција на која новинарите можат да постават било какво прашање, па и за превозниците од Западен Балкан. Би ги замолил превозниците да не потпаѓаат под влијание од една соседна држава во која сега ќе има избори. Токму од таму дојде дека на 1 септември во Брисел имало некаков состанок и тоа е лажна вест, рече Николоски во „Вести плус“ на ТВ Канал 5.

Тој нагласи дека најголем напредок во преговорите за ограничувањето за превозниците за престој во Шенген зоната се случи во февруари годинава кога, како што рече, ЕУ реши да ги препознае возачите на автобуси и камиони како професионалци. Со тоа сите возачи кои работат во Шенген зоната имаат можност да побараат долгорочни визи кои важат секаде во ЕУ.

-Се работи за доста серизозен проблем кој го имааат македонскте превозници и ние имаме целосно разбирање и им даваме сериозна поддршка и тоа го правиме во целиот изминат период. Мислам дека најголемиот напредок се случи во февруари кога Европската комисија реши да ја промени својата визна стратегија и да ги препознае возачите на камиони, автобуси и на останати првозни средства како професионалци. Тоа отвори простор да се најде решение. Тоа е двостепено - првиот степен беше да се препознаат како професионалци, а веќе кога се препознати како професионалци имаат право на долгорочни визи и на тој начин го избегнуваат ограничувањето 90 дена престој во рамки на 180 дена кое важи за останатите жители кои не се дел од Шенген зоната, рече Николоски.

Со тоа,прецизира, сите возачи кои имаат потреба да превезуваат стока во било која држава во Шенген зоната можат да аплицираат за долгорочна виза и да ја добијат. Такви визи веќе издаваат Хрватска и Швајцарија.

-Многу е значајно дека тие визи важат за целата Шенген зона, односно не се однесуваат само на конкретната држава од која се издадени туку се за целата Шенген зона затоа што во Шенген зоната нема граници и има само  влез на надворешните граници кон државите кои не се членки на Шенген зоната. Ова е решението кое може ние да го направиме секако би било подобро и полесно доколку ЕУ ги промени правилата. Ние цело време го бараме тоа, но тоа не зависи од нас, туку од ЕУ. Она што  зависи од нас и што можеме да го направиме е ова што го правиме, потенцира Николоски.

Идејата, додаде не и државите каде најмногу работат нашите превозници да бидат покриени со долгорочни визи, но сепак доволни се и овие што веќе ги издаваат Хрватска и Швајцарија зашто кога ќе се влезе во Шенген зоната нема ограничување што значи дека кога некој превозник ќе влезе во ганичните земји од Зоната потоа нема ограничување во движењето и доколку има долгорочна виза треба само да ја покаже и нема да има проблем со престотој, појасни Николоски. 


Можеби ќе ве интересира

За што ќе служат роботите Made in Serbia? Од корен ќе им го олеснат животот на луѓето — еве кои се нивните главни примени

За што ќе служат роботите Made in Serbia? Од корен ќе им го олеснат животот на луѓето — еве кои се нивните главни примени

ОВА ЌЕ ГИ „УДРИ“ ГРАЃАНИТЕ ПО ЏЕБ: Колку чини месечниот билет од Куманово, Тетово или Велес до Скопје?

ОВА ЌЕ ГИ „УДРИ“ ГРАЃАНИТЕ ПО ЏЕБ: Колку чини месечниот билет од Куманово, Тетово или Велес до Скопје?

ЕУ подготвува нови правила за заштита на работниците: Стресот од „прегорување“ станува проблем за безбедноста на работното место

ЕУ подготвува нови правила за заштита на работниците: Стресот од „прегорување“ станува проблем за безбедноста на работното место

Големото враќање на „Форд“: Американскиот гигант се насочува кон милијарди и кон пазарот на НАТО низ Европа

Големото враќање на „Форд“: Американскиот гигант се насочува кон милијарди и кон пазарот на НАТО низ Европа

Зошто златото нагло поевтини?

Зошто златото нагло поевтини?

Може ли една земја да се збогати од туризмот?

Може ли една земја да се збогати од туризмот?

Балканец пресмета колку пари се потребни за солиден живот во Германија

Балканец пресмета колку пари се потребни за солиден живот во Германија

Русија транспортира стока под санкции преку мала островска држава

Русија транспортира стока под санкции преку мала островска држава

Соларниот бум под лупа: ДЗР утврди пропусти во изградбата на фотоволтаици

Соларниот бум под лупа: ДЗР утврди пропусти во изградбата на фотоволтаици

Прочитај ја целата статија