ОГРАНИЧУВАЊA НА КРИМ: Бензин ќе се полни само четири часа на ден

пред 20 часа 1
ARTICLE AD BOX

 Бензин ќе се полни само четири часа на ден

Поради недоволни залихи на гориво, продажбата на бензин на Крим ќе биде ограничена на четири часа на ден, објави шефот на регионот, Сергеј Аксјонов.

„Снабдувањето со гориво во регионот сè уште не ги задоволува целосно потребите на жителите. За жал, некои жители на Крим во моментов ќе се соочат со ограничен пристап до бензин. Со зголемувањето на обемот на увоз, ситуацијата ќе се подобри“, напиша Аксјонов во објава на Телеграм, објавена од руското радио РБК, пренесува Б92.

Аксјонов објави дека дневната количина гориво сега ќе се дистрибуира на бензинските пумпи во две фази, од осум до 10 часот наутро и од 18 до 20 часот.

Како што беше најавено, во седум часот, интерактивната мапа на бензински пумпи на Министерството за гориво и енергетика ќе прикажува ажурирани информации за тоа кои пумпи имаат бензин и дизел гориво.

Претседателот на Советот на министри на Крим, Јуриј Гоцањук, претходно објави дека на Крим останува на сила привремено ограничување на горивото до 20 литри по клиент.

Според регионалниот гувернер Александар Мур, на бензинските пумпи во Тјумењската област се пријавуваат прекини во снабдувањето со моторно гориво, што доведува до долги редици.

И во Русија имаше ограничувања поради украинските напади со дронови. Украина често ги таргетира руските рафинерии.

foto Gemini

Прочитај ја целата статија