ARTICLE AD BOX
Android во текот на септември добива пет нови функции за Gemini, Find Hub и Google Messages, вклучително и помош против мачнина при возење и паметење на локацијата на предметите.
Android во текот на септември добива пет нови функции кои Google ги воведува преку својот најнов Android Drop. Новитетите ги опфаќаат Gemini, Find Hub, Google Messages и самиот оперативен систем, а целта е дел од секојдневните задачи корисниците да можат да ги извршуваат без инсталирање дополнителни апликации.
Некои од функциите веќе почнуваат да пристигнуваат кај корисниците, додека за други е потребна одредена верзија на Android или ќе станат достапни во текот на следните недели.
Една од попрактичните новини ги поврзува Gemini и услугата Find Hub. Корисникот ќе може да му каже на асистентот Gemini каде го оставил предметот што нема тракер, како пасош или резервен клуч, а по желба може да додаде и фотографија. Кога повторно ќе му биде потребен предметот, доволно е да го праша Gemini каде го оставил. Функцијата пристигнува на уреди со Android 16 и понови верзии, на пазарите каде што се достапни Gemini и Find Hub.

Android во септември добива функции што решаваат неколку многу различни секојдневни проблеми
Android 17 добива и Motion Assist, наменет за корисниците кај кои гледањето во телефонот за време на возење предизвикува мачнина. Функцијата прикажува визуелен елемент што се движи преку содржината на екранот, со цел да се намали разликата меѓу движењето што го чувствува телото и релативно статичната слика што ја гледаат очите.
Motion Assist може автоматски да се активира за време на возење или рачно преку менито Quick Settings, а корисникот ќе може да го приспособи и изгледот на визуелниот елемент.
Третиот новитет се нарекува Guided vision и е наменет за слепи и слабовидни корисници. Функцијата работи преку Gemini Live и ја користи камерата на телефонот за гласовно опишување предмети, ситно испишан текст, менија и други елементи од околината. Гласовните инструкции можат да помогнат и при правилното насочување на камерата. Guided vision ќе биде достапен на уреди со Android 9 и понови верзии, на местата каде што е поддржан Gemini.
Google Messages добива уште две дополнителни функции. Првата е интеграција со апликацијата Google Keep, која овозможува создавање и уредување заеднички белешки и листи директно од разговорот. Тоа може да биде корисно за заеднички списоци за пазарување, организирање патувања или други планови, без постојано префрлање од една во друга апликација.

пред 2 дена
1









English (US) ·
Macedonian (MK) ·