Адора купи 23.000 квадрати до хотел Русија во Аеродром - која е цената?

пред 1 ден 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Адора купи 23.000 квадрати до хотел Русија во Аеродром за 46 евра за квадратен метар. 

Компанијата Адора ќе купи околу 23 илјади квадратни метри државно земјиште покрај кејот на Вардар во Аеродром, веднаш до спортската сала „Јане Сандански“, за нешто повеќе од 66 милиони денари, односно околу еден милион евра, објави „Призма“. Компанијата дала највисока понуда на јавното наддавање, на кое учествувала и фирмата „Битем“.

Според урбанистичкиот план, на парцелата е предвидена изградба на спортски и рекреативни содржини, но дел од просторот може да се искористи и за хотел или објект за собири. Од околу 20 илјади квадратни метри површина предвидена за градба, 60 проценти се наменети за спорт и рекреација, а 40 проценти за комерцијални објекти – хотели и објекти за собири.

Објектите ќе може да имаат максимална висина од 16 метри, односно приземје и три ката.

Почетната цена на јавното наддавање изнесувала 2.032 денари за квадратен метар, а во текот на лицитацијата пораснала на 2.844 денари, или околу 46 евра за квадрат. Во моментов течат роковите за жалба, по што продажбата треба и формално да биде завршена.

Идниот инвеститор има рок од една година да изработи проект и да обезбеди градежна дозвола, додека за реализација на предвидената градба има рок до десет години.

фото Призма

Можеби ќе ве интересира

Цената на бензинот во Израел е на рекордно ниво

Цената на бензинот во Израел е на рекордно ниво

Мицкоски кажа колкав раст на БДП се очекува до крајот на годината

Мицкоски кажа колкав раст на БДП се очекува до крајот на годината

ДВОЈКА ЈА ПРОДАДЕ КУЌАТА И ЖИВЕЕ ВО КАМП-ПРИКОЛКА: Раскажаа кои се позитивните и негативните страни

ДВОЈКА ЈА ПРОДАДЕ КУЌАТА И ЖИВЕЕ ВО КАМП-ПРИКОЛКА: Раскажаа кои се позитивните и негативните страни

(ВИДЕО) Жена си изградила куќа за осум месеци, а чинела колку подобар автомобил

(ВИДЕО) Жена си изградила куќа за осум месеци, а чинела колку подобар автомобил

Германците најавуваат промени во пензиите: Некои би можеле да добијат 527 евра помалку

Германците најавуваат промени во пензиите: Некои би можеле да добијат 527 евра помалку

Зошто сите сакаат да се приклучат кон ЕУ, освен богатите земји?

Зошто сите сакаат да се приклучат кон ЕУ, освен богатите земји?

Што се случи со цената на нафтата на неделно ниво?

Што се случи со цената на нафтата на неделно ниво?

Иран ја заобиколи американската поморска блокада за да ги одржи испораките на нафта?

Иран ја заобиколи американската поморска блокада за да ги одржи испораките на нафта?

За колку се зголеми цената на шеќерот во светот?

За колку се зголеми цената на шеќерот во светот?

Прочитај ја целата статија