(ВИДЕО) Жена во Босна го одгледува најскапиот зеленчук во светот, килограм чини 20.000 долари

пред 2 месеци 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Најскапата пиперка во светот расте во стаклена градина на Весна Бошњак, земјоделка од Усора. Таа одгледува и различни видови домати кои не се вообичаени во Босна и Херцеговина(БиХ). Произедуваат за себе, но и ги продаваат производите во местото каде живеат. 

Весна Бошњак се опишува себеси повеќе како колекционер отколку како класичен земјоделец вклучен во масовно производство.

„Моментално ги отстранувам мешунките од најскапата пиперка во светот - Аџи Чарапита - дива перуанска пиперка со мали жолти плодови. Еве, оваа веќе има спуштено семе“, вели таа за BHRT.

Споменатата јужноамериканска сорта достигнува вртоглави количини на глобално ниво, а на американскиот пазар еден килограм сушена пиперка Аџи Чарапита чини околу 20.000 долари.

„Се користи исклучиво за декоративни цели, секако е јадлив, но така се користи во елитни ресторани. За жал, немам пазар за неa по таа цена, за што многу ми е жал, инаку не би работела ни малина или боровинка“, вели Весна.

Во оранжериите има десетици сорти домати чие одгледување не е широко распространето во Босна и Херцеговина.


Прочитај ја целата статија