ARTICLE AD BOX
Светските цени на храната се највисоки во последните четири години. Растат цените на житарките, шеќерот и маслата.
Најголем раст е забележан кај шеќерот – неговата цена се зголемила за 11,9 отсто, достигнувајќи највисоко ниво од јуни 2025 година. Дополнителна загриженост предизвикало послабото производство во важниот земјоделски регион Централно-Јужен во Бразил, во услови на неповолни временски услови во Европа и Азија.
Светските цени на храната во август достигнаа највисоко ниво од крајот на 2022 година, поттикнати од неповолните временски услови, нарушувањата во снабдувањето и воените конфликти, информации Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO).
Сепак, индексот сè уште е речиси 17 отсто под рекордот од март 2022 година, забележан по почетокот на руската инвазија врз Украина.
Екстремните горештини и сушата во Европа, заканата од силен феномен „Ел Нињо“, како и нарушувањата во трговијата предизвикани од воените конфликти во Украина и меѓу САД и Иран, создаваат дополнителен притисок.
„Растот на глобалните цени на храната во август е предупредување дека ризиците повторно се прелеваат на прехранбените пазари – климатските шокови, геополитичките тензии и нарушувањата во трговијата истовремено ја зголемуваат загриженоста за снабдувањето“, изјави главниот економист на FAO, Максимо Тореро.
Во август пораснале референтните индекси на FAO за житарките, растителните масла, шеќерот, месото и млечните производи.
foto Gemini
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски кажа колкав раст на БДП се очекува до крајот на годината
Мицкоски кажа колкав раст на БДП се очекува до крајот на годината
ДВОЈКА ЈА ПРОДАДЕ КУЌАТА И ЖИВЕЕ ВО КАМП-ПРИКОЛКА: Раскажаа кои се позитивните и негативните страни
ДВОЈКА ЈА ПРОДАДЕ КУЌАТА И ЖИВЕЕ ВО КАМП-ПРИКОЛКА: Раскажаа кои се позитивните и негативните страни
(ВИДЕО) Жена си изградила куќа за осум месеци, а чинела колку подобар автомобил
(ВИДЕО) Жена си изградила куќа за осум месеци, а чинела колку подобар автомобил
Германците најавуваат промени во пензиите: Некои би можеле да добијат 527 евра помалку
Германците најавуваат промени во пензиите: Некои би можеле да добијат 527 евра помалку
Зошто сите сакаат да се приклучат кон ЕУ, освен богатите земји?
Зошто сите сакаат да се приклучат кон ЕУ, освен богатите земји?
Што се случи со цената на нафтата на неделно ниво?
Што се случи со цената на нафтата на неделно ниво?
Иран ја заобиколи американската поморска блокада за да ги одржи испораките на нафта?
Иран ја заобиколи американската поморска блокада за да ги одржи испораките на нафта?
Адора купи 23.000 квадрати до хотел Русија во Аеродром - која е цената?
Адора купи 23.000 квадрати до хотел Русија во Аеродром - која е цената?









English (US) ·
Macedonian (MK) ·