ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЦЕНИТЕ НА ЃУБРИВАТА: Некои веќе направиле мали залихи?

пред 5 месеци 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Поради војната на Блискиот Исток, земјоделците се загрижени дека допрва ѓубривата ќе поскапуваат, а дел од нив земале и некоја вреќа плус, со цел да имаат мали залихи. Сепак, дали ќе има голем ценовен шок е неизвесно. Од земјоделските аптеки велат дека и тие не знаат како ќе се одвиваат работите, дали ќе има доволни количини на ѓубрива и колкава ќе биде цената. Но, се сложуваат дека поради војната на повидок е уште една година која нема да биде добра ниту за земјоделците, ниту за потрошувачите.

„Ѓубривата ги фрлаат од февруари до април, зборувам за овошни и лозови насади какви што има во нашиот крај. Битно е во тој период да нема големи осцилации, а ако е скапо, ако цената се покачи за 20 до 30 отсто, луѓето нема да ставаат ѓубрива, нема есап. Родот ќе трпи во тој случај. За овие култури една година ако се прескокне, за овошки и лозја, не е толку проблем, а во полјоделството не може така, земјоделците мораат да ставаат ѓубрива секоја година“, вели агрономот Благој Борисов од Кавадарци.

Во некои аптеки во Струмица објаснуваат дека работата се одвива тековно, но во други тврдат дека некои земјоделци купуваат поголеми количини ѓубрива од вообичаено.

„Забележав дека земјоделците земаат малку поголеми количини ѓубриво. Дали ќе се покачи или не, на многумина им е сеедно. Луѓето се без волја за работа. Има земјоделци што работат по 10-20 хектари, и купуваат ѓубрива, по 200 вреќи. Засега има мало покачување, по 100 или 200 -300 денари на вреќа. Ни најголемите аналитичари не знаат ништо, мислам дека ни американскиот претседател Доналд Трамп не знае што ќе се случува“, додаваат од струмичка земјоделска аптека.

Нашиот соговорник вели дека пред неколку години, земјоделец кој имал информација дека ѓубривата нагло ќе поскапат, предвреме си ги набавил потребните количини, пред да се случи поскапувањето, со што заштедил 2.000 евра.

„Куповната моќ е ограничена, земјоделците не располагаат со којзнае какви средства за да прават залихи. И да купат ѓубрива стравувајќи од поскапувања, тоа е мала количина.  Немам став дали ќе поскапат ѓубривата или не. Тоа не можеме да го знаеме“, велат од струмичка земјоделска аптека.

Цената на уреата – најкористеното азотно ѓубриво пред неколку дена поскапи на светските пазари.  Дури 50 отсто од светското производство на храна зависи од вештачки ѓубрива. Македонија е  зависна од увоз на ѓубрива, што значи дека ефектите директно ќе ги почувствуваме. Унгарија деновиве побара од Европската Унија привремено да ги укине царините и дополнителните давачки за увоз на ѓубрива од Русија и Белорусија. Руските производители на ѓубрива побараа од владата привремено да ги ограничи цените на сулфурот, кои нагло се зголемија на рускиот и меѓународниот пазар поради недоволна понуда, објави руската новинска агенција Интерфакс. 

Кина воведе неформално ембарго за извоз на некои ѓубрива, што може дополнително да го потресе веќе нестабилниот глобален пазар.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство рекоа дека ја следат состојбата и доколку има потреба, ќе реагираат.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Зошто златото нагло поевтини?

Зошто златото нагло поевтини?

Може ли една земја да се збогати од туризмот?

Може ли една земја да се збогати од туризмот?

Балканец пресмета колку пари се потребни за солиден живот во Германија

Балканец пресмета колку пари се потребни за солиден живот во Германија

Русија транспортира стока под санкции преку мала островска држава

Русија транспортира стока под санкции преку мала островска држава

Соларниот бум под лупа: ДЗР утврди пропусти во изградбата на фотоволтаици

Соларниот бум под лупа: ДЗР утврди пропусти во изградбата на фотоволтаици

Европската Унија и постави рок за Кина: До октомври резултати или ќе следат построги мерки

Европската Унија и постави рок за Кина: До октомври резултати или ќе следат построги мерки

Индексите на Волстрит растат, но преовладува претпазливоста: „Војната трае подолго отколку што очекуваа сите“

Индексите на Волстрит растат, но преовладува претпазливоста: „Војната трае подолго отколку што очекуваа сите“

За 2,6 проценти се намалил бројот на работниците во индустријата

За 2,6 проценти се намалил бројот на работниците во индустријата

МНОЗИНСТВОТО ХРВАТИ ВЕЛАТ ДЕКА Е НЕОПХОДНО СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ ДА ГО УЧАТ ХРВАТСКИОТ ЈАЗИК: Како се снаоѓаат Македонците?

МНОЗИНСТВОТО ХРВАТИ ВЕЛАТ ДЕКА Е НЕОПХОДНО СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ ДА ГО УЧАТ ХРВАТСКИОТ ЈАЗИК: Како се снаоѓаат Македонците?

Прочитај ја целата статија