ARTICLE AD BOX

Според албанскиот премиер Еди Рама, најдобриот пат кон Европската Унија(ЕУ) е постепена интеграција, а ветото треба да се укине.
Рама денеска повика на нов пристап од Европската Унија кон земјите од Западен Балкан, тврдејќи дека постепената интеграција е најреалниот начин Албанија да се приближи кон ЕУ.
„Искрено, не верувам дека некогаш ќе има место за нас во Европската Унија ако нешто не се промени во рамките на Европската Унија. Значи, не верувам дека 2027 година среќно ќе нè чека со нашето право на вето, не верувам во тоа. Не верувам дека во некои главни градови ќе имаат можност да одат и да ѝ кажат на јавноста: „Луѓе, ја примаме Албанија со нејзиното право на вето“, рече шефот на албанската влада, јави АТА.
Зборувајќи на форумот „ “Intelligence on the World, Europe and Italy”, на панелот „Агенда за Европа“, Рама рече дека на Албанија не ѝ е потребно право на вето за да седне на масата на ЕУ.
foto printskrin youtube









English (US) ·
Macedonian (MK) ·