Кои познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот биле во телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов?

пред 2 дена 2
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

За телефонскиот именик на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов се говореше на денешното судење, при што обвинителката Искра Хаџи-Василева прочита повеќе познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот кои биле запишани меѓу неговите контакти.

Беа споменати Бојан Јовановски, познат како Боки 13, пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, кој во именикот на Ристов бил запишан како „бабе Исмаил“, како и неговиот син Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол“. Споменат бил и бизнисменот Зоран Азманов. 

На списокот се наоѓале и Фехми Стафа, кој во јавноста се поврзува со случајот со осомничениот Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, како и Исмет Гури, поранешен директор на УЈП и функционер на ДУИ, кој беше опфатен во предметот „Титаник 3“.

Меѓу контактите била и поранешната пратеничка Фросина Ременски, а во телефонот бил зачуван и број што, според обвинителството, му припаѓал на Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев.

Иако обвинителството на судењето не презентирало конкретна комуникација меѓу Ристов и наведените лица, обвинителката оценила дека самото постоење на овие контакти може да биде разгледувано од аспект на етичките и законските стандарди.

Ние уште на почетокот кажавме дека ова судење се однесува на она што е предмет на обвинение, но секако е поврзано и со коруптивни практики и дејствија како предикативни елементи на перењето пари, едно од делата за кои го гони обвинетиот. Во таа смисла беа презентирани овие докази што упатуваат на контакти и комуникации, кои по наша оценка се недозволени од судија на Апелација со лица за кои, и самите забележавте, се воделе и се водат и активни предмети и постапки“, рече обвинителката Хаџи-Василева.

Сепак, таа прочита пораки меѓу Ристов и поранешниот апелациски судија кој е на црната листа на САД, Енвер Беџети.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден човек почина од западнонилска треска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден човек почина од западнонилска треска

Ќе биде отворен граничен премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија

Ќе биде отворен граничен премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија

АХВ: Има над 130 пријави, а западнонилската треска е потврдена кај два угинати гаврани во Скопје и еден во Ресен

АХВ: Има над 130 пријави, а западнонилската треска е потврдена кај два угинати гаврани во Скопје и еден во Ресен

Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово

Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово

Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?

Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?

Маж од Гази Баба почина од западнонилска треска

Маж од Гази Баба почина од западнонилска треска

Мицкоски тврди дека изјавата на Маѓар не се однесува на земјите од Западен Балкан

Мицкоски тврди дека изјавата на Маѓар не се однесува на земјите од Западен Балкан

Ѓорѓиевски најави мерки за спречување на врсничкото насилство

Ѓорѓиевски најави мерки за спречување на врсничкото насилство

49 нови комунални возила за Скопје и 10 општини: Градовите добиваат засилување за хигиената

49 нови комунални возила за Скопје и 10 општини: Градовите добиваат засилување за хигиената

Прочитај ја целата статија