ARTICLE AD BOX
Премиерот Христијан Мицкоски е убеден дека изјавата на унгарскиот премиер Петер Маѓар дека Унгарија не поддржува забрзан процес на пристапување за ниту една земја-кандидатка во Европската Унија не се однесува на земјите од Западен Балкан, туку на други земји-кандидатки.
- Убеден сум дека колегата Маѓар тоа што го кажал не го мисли за Балканот, бидејќи досега откако е избран за претседател на Владата на нашиот стратешки партнер Унгарија, има неколку десетици изјави во кои вели дека поддршката за Западен Балкан, во кој географски припаѓаме и ние, за пристапување кон Европската Унија е недвосмислена и искрена и таа никогаш не била доведена под знак прашање. Мислам дека се однесува на други земји кандидати за членство во Европската Унија - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по промоцијата на нови комунални возила за општините.
Петер Маѓар изјавата дека Унгарија не поддржува забрзан процес на пристапување за ниту една земја-кандидатка во Европската Унија, ја дал по средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Мицкоски беше прашан и за евентуална истрага за унгарскиот кредит што го доби земјава во време додека премиер беше Виктор Орбан и притоа истакна дека тоа е внатрешна работа на Унгарија.
- Претпоставувам дека институциите на Унгарија ќе си ја завршат својата работа и ќе излезат со некакво соопштение поврзано со тој заем. И второто потпрашање - дали се плашам? Апсолутно не се плашам, затоа што сето тоа е дел од нашето стратешко партнерство, потврдено од двата парламента и двете влади. Средствата се потрошени на транспарентен начин. Изразувам благодарност до Унгарија која како наш стратешки партнер што во времето кога се боревме ја извадиме од банкрот државата поради долговите коишто ги наследивме од бандитската влада на СДСМ и ДУИ, беше прва која ни подаде рака, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден човек почина од западнонилска треска
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден човек почина од западнонилска треска
Ќе биде отворен граничен премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија
Ќе биде отворен граничен премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија
АХВ: Има над 130 пријави, а западнонилската треска е потврдена кај два угинати гаврани во Скопје и еден во Ресен
Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово
Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово
Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?
Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?
Кои познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот биле во телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов?
Ѓорѓиевски најави мерки за спречување на врсничкото насилство
Ѓорѓиевски најави мерки за спречување на врсничкото насилство
49 нови комунални возила за Скопје и 10 општини: Градовите добиваат засилување за хигиената
49 нови комунални возила за Скопје и 10 општини: Градовите добиваат засилување за хигиената







English (US) ·
Macedonian (MK) ·