МНОЗИНСТВОТО ХРВАТИ ВЕЛАТ ДЕКА Е НЕОПХОДНО СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ ДА ГО УЧАТ ХРВАТСКИОТ ЈАЗИК: Како се снаоѓаат Македонците?

пред 2 дена 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Според месечната анкета на HReyting за HRT објавена годинава, огромното мнозинство од испитаниците, повеќе од 70 проценти, веруваат дека учењето на хрватскиот јазик е неопходно за странските работници да функционираат, и на работа и надвор од неа.

Околу 12 проценти веруваат дека таквата мерка би била тешка за спроведување на краток рок со оглед на бројот на странски работници. Околу осум проценти рекле дека само оние кои работат на работни места каде што се во директен контакт со клиенти треба да учат хрватски јазик. Четири проценти од испитаниците се со став дека хрватскиот јазик е премногу тежок за учење, особено со работни обврски, додека малку помал број веруваат дека нема потреба странските работници да го учат јазикот бидејќи тие секако ќе бидат во Хрватска кратко време.

„Јазична бариера ние немаме, затоа што слични јазици се во прашање. Адаптацијата не е спорен момент. Кога подолго време престојувате во некоја држава мора да го познавате јазикот и тоа е почит кон земјата каде си ја создавате иднината. За Германија, за другите држави, каде се работи за сосема друг јазик е малку поинаку“, вели Донка Спасовска, сопственичка на агенцијата за посредување при вработување „Хоризонт“ од Скопје.

Македонец кој работел во Хрватска вели дека до ден денес не може да ги научи месеците како се викаат на хрватски јазик.

„Можат да ми кажат дека просинац значи декември, но јас пак ќе заборавам. Хрватите имаат специфични зборови, конкретно јас имав проблем со месеците, и ако барав појаснување, ми кажуваа „се работи за 8-ми, 10-ти месец...“. Тоа зависи во која бранша работи човекот. Јас бев градежник, не се бара некое oсобено познавање на јазик, а моите вработени со Хрватите комуницираа на српско-хрватски. Имав искуство, седнав во ресторан, келнерот ми се обрати на хрватски, го препознав дека е наш и со странците тие си комуницираат на англиски јазик, а со Хрватите немаат никаков проблем. Работниците од Азија исклучиво комуницираат на англиски и со Хрватите и со туристите. По повеќе месеци поминати во Хрватска, брзо го учат хрватскиот јазик, паметни луѓе се, се прилагодуваат“, вели Македонец кој работел во Хрватска.

Но, од Институтот за истражување на миграцијата во Хрватска лани соопштија дека дури 70 отсто од странските работници не го зборуваат хрватскиот јазик, а на анкета над 90 отсто рекле дека планираат и по 10 години да останат во земјата, а некои сакаат и до пензија да работат во Хрватска. Се наведува дека работниците од азиските земји се оние кои не го зборуваат хрватскиот јазик.

Сања Атанасовска

foto Gemini

Можеби ќе ве интересира

Зошто златото нагло поевтини?

Зошто златото нагло поевтини?

Може ли една земја да се збогати од туризмот?

Може ли една земја да се збогати од туризмот?

Балканец пресмета колку пари се потребни за солиден живот во Германија

Балканец пресмета колку пари се потребни за солиден живот во Германија

Русија транспортира стока под санкции преку мала островска држава

Русија транспортира стока под санкции преку мала островска држава

Соларниот бум под лупа: ДЗР утврди пропусти во изградбата на фотоволтаици

Соларниот бум под лупа: ДЗР утврди пропусти во изградбата на фотоволтаици

Европската Унија и постави рок за Кина: До октомври резултати или ќе следат построги мерки

Европската Унија и постави рок за Кина: До октомври резултати или ќе следат построги мерки

Индексите на Волстрит растат, но преовладува претпазливоста: „Војната трае подолго отколку што очекуваа сите“

Индексите на Волстрит растат, но преовладува претпазливоста: „Војната трае подолго отколку што очекуваа сите“

За 2,6 проценти се намалил бројот на работниците во индустријата

За 2,6 проценти се намалил бројот на работниците во индустријата

Кој ќе има најмногу работа до 2035 година: Ова се 12 најбрзорастечки занимања

Кој ќе има најмногу работа до 2035 година: Ова се 12 најбрзорастечки занимања

Прочитај ја целата статија