ОВА ЌЕ ГИ „УДРИ“ ГРАЃАНИТЕ ПО ЏЕБ: Колку чини месечниот билет од Куманово, Тетово или Велес до Скопје?

пред 1 ден 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Во повеќе градови автобуските билети поскапеа деновиве или претходните месеци. Граѓаните кои често патуваат од еден до друг град поради работа или друга потреба, треба да одвојат повеќе пари за превоз.

Месечен билет на релација Куманово-Скопје чини 6.000 денари, а во еден правец билетот е 200 денари. Цената претходно беше 170 денари во еден правец. Вчера на социјалните мрежи граѓанин го постави прашањето дали има економска логика кумановец да патува на работа во Скопје, на што имаше одговори дека платата треба да изнесува 50.000 или 60.000 денари за да се исплати.

„Дали се исплати да се патува од Куманово до Скопје за работа одамна е дискутабилно прашање. Како времето одминува, сѐ поскапува, а платите стојат во место или минимално се зголемуваат, ова станува опција која не е многу атрактивна. Лично, ако денес требаше да бирам, би ја оставила работата во Скопје и би барала работа во Хрватска. Знаеме дека сите сакаат да се иселат во Германија, но знам и три лица кои животот во Македонија го заменија со живот во Србија, иако Србија не е некоја богата земја. Значи тие луѓе заминаа во Србија, затоа што таму имале имот од родителите или брачниот партнер имал имот, си најдоа работа во Србија и засега не се враќаат во земјава. И ова зголемување на цените на билетите ќе ги загрижи и старите лица кои имаат потреба да одат на лекар во Скопје, но и за студентите нема да биде лесно“, вели наша соговорничка.

На релација Скопје-Тетово месечниот билет чини 6.500 денари, а 250 денари чини возењето во еден правец.

Ако сакате цел месец да се возите од Велес до Скопје, за месечен билет ќе треба да одвоите 5.500 денари, а за возење во еден правец билетот е 200 денари.

За оние кои патуваат од Битола до Скопје, превозот во еден правец е 600 денари, а повратен билет чини 950 денари. Од автобуската ни одговорија дека цената не е коригирана.

За релацијата од Охрид до Скопје билетот во еден правец чини 980 денари, а повратен е 1.380 денари. Велат дека од летово билетите се поскапени.

Oд Струмица до Скопје, билетот во еден правец  чини 650 денари, а повратен веќе нема.

Од Кавадарци до Скопје билетот во еден правец е 450 денари. Од автобуската станица ни рекоа дека цената не е покачена неколку години, а повратен билет до главниот град е 650 денари. Имаат и опција за месечен билет, кој чини 7.500 денари.

За патување од Штип до Скопје во еден правец ќе треба да платите 360 денари, повратен билен е 650 денари, а месечен нема. Цената како што велат скоро не била зголемена.

Од Кичево до Скопје, за билет во еден правец треба да платите 480, 580 или 530 денари, а повратен билет е 750, 680 или 630 денари, зависно од превозникот. Месечен билет нема. Цените се зголемени од неодамна.

Сања Атанасовска

foto Gemini

Можеби ќе ве интересира

За што ќе служат роботите Made in Serbia? Од корен ќе им го олеснат животот на луѓето — еве кои се нивните главни примени

За што ќе служат роботите Made in Serbia? Од корен ќе им го олеснат животот на луѓето — еве кои се нивните главни примени

ЕУ подготвува нови правила за заштита на работниците: Стресот од „прегорување“ станува проблем за безбедноста на работното место

ЕУ подготвува нови правила за заштита на работниците: Стресот од „прегорување“ станува проблем за безбедноста на работното место

Големото враќање на „Форд“: Американскиот гигант се насочува кон милијарди и кон пазарот на НАТО низ Европа

Големото враќање на „Форд“: Американскиот гигант се насочува кон милијарди и кон пазарот на НАТО низ Европа

Зошто златото нагло поевтини?

Зошто златото нагло поевтини?

Може ли една земја да се збогати од туризмот?

Може ли една земја да се збогати од туризмот?

Балканец пресмета колку пари се потребни за солиден живот во Германија

Балканец пресмета колку пари се потребни за солиден живот во Германија

Русија транспортира стока под санкции преку мала островска држава

Русија транспортира стока под санкции преку мала островска држава

Соларниот бум под лупа: ДЗР утврди пропусти во изградбата на фотоволтаици

Соларниот бум под лупа: ДЗР утврди пропусти во изградбата на фотоволтаици

Европската Унија и постави рок за Кина: До октомври резултати или ќе следат построги мерки

Европската Унија и постави рок за Кина: До октомври резултати или ќе следат построги мерки

Прочитај ја целата статија