Според Дрилон Исени, економскиот раст од 1,5 отсто неостварлив

пред 8 години 1
ARTICLE AD BOX

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека годинава ќе ја заокружиме со максимум 0,7 отсто економски раст наспроти последните процени на Светската банка за раст од 1,5 процент.

– Ќе бидеме презадоволни ако Македонија ја заокружи годината со економски раст од 0,5 до 0,7 отсто. Сметаме дека проекциите од 1,5 на Светската банка или 2,5 процента на Владата никако не може да се постигнат. Во првиот квартал растот беше нула, во вториот -1,8. За да постигнете раст од 2,5 треба во двете тримесечја да биде пет отсто, што нема логика – вели извршниот директор на СКСЗМ, Дрилон Исени.

Исени и оперативниот директор на Комората, Миљаим Амети, порачуваат државата наместо да им дава субвенции за минимална плата на компаниите, да размисли за поддршка за воведување нови технологии и ноу-хау, што ќе ги направи финансиски помоќни и конкурентни, а еднаквиот третман на странските и домашните инвеститори да не биде само во однос на даночните олеснувања и субвенциите, туку и во делот на инфраструктурата.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Прочитај ја целата статија