ARTICLE AD BOX
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека телото на Ратко Младиќ, кој почина во Хаг, се очекува во доцните попладневни часови да пристигне во Србија.
Тој додаде дека најважно е надлежните служби да обезбедат целиот процес да помине без проблеми, оценувајќи дека пред нив претстои сложена безбедносна задача.
„Пред нашите служби е многу тешка и сложена задача. Безбедносните проценки на БИА и на другите служби се движат во рамките на неколку десетици илјади луѓе, па затоа безбедноста е приоритет“, изјави српскиот претседател.
Вучиќ не сакаше да открива детали за погребот, упатувајќи ги новинарите до семејството на Младиќ.
Според проценките на безбедносните служби и Министерството за внатрешни работи, на погребот би можеле да присуствуваат десетици илјади луѓе. Вучиќ посочи дека поради тоа, како и поради локацијата на гробиштата и местото на погребот, обезбедувањето ќе биде особено сложено.
Тој наведе дека проценките се направени од Безбедносно-информативната агенција, Воено-безбедносната агенција, Воено-разузнавачката агенција и МВР.
Младиќ беше осуден за воени злосторства извршени во Босна и Херцеговина(БиХ).
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ во Белград го пречекаа со воени почести
(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ во Белград го пречекаа со воени почести
Симеон Михаилов се огласи од Бугарија, тврди дека неговиот случај го враќаат во фокус поради судењето на ќерка му
Босански државјанин е осуден на 15 дена затвор поради величење на Младиќ
Босански државјанин е осуден на 15 дена затвор поради величење на Младиќ
ТРЕБАШЕ ДА ИМА ДВА СОБИРИ ВО СРЕБРЕНИЦА, ЗА МЛАДИЌ И КОНТРА: Полицијата забрани одржување на настаните
Грчката полиција ќе го подобрува сообраќајот во областа Атика со нов систем со 235 камери, десет дронови и ВИ
Вучиќ: Двојни стандарди во врска со Ратко Младиќ, вампирски нацизам во дел од Европа
Вучиќ: Двојни стандарди во врска со Ратко Младиќ, вампирски нацизам во дел од Европа
Пет години што ја променија Југославија: Големиот план за индустријализација со висока цена
Пет години што ја променија Југославија: Големиот план за индустријализација со висока цена
Голема промена на автопатиштата во Србија: Се укинуваат наплатните рампи, еве што значи ова за македонските возачи
ЕУ МУ ОДГОВОРИ НА ВУЧИЌ ЗА МЛАДИЌ: За глорификацијата на воените злосторници нема место меѓу кандидатите за членство







English (US) ·
Macedonian (MK) ·