ARTICLE AD BOX
ИМА СОМНЕЖИ ДЕКА НАМЕРНО СЕ ПАЛИ ВО ГРАДСКО
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), Стојанче Ангелов, вечерва изјави дека пожарот во планинскиот дел над селото Ногаевци, во Општина Градско, е тежок шумски пожар, кој делумно се движи низ борова шума.
Ангелов соопшти дека поради обидот да се намали пожарот биле пренасочени два авиони „Ер трактор“, кои дејствувале на теренот. Во гаснењето учествуваат и пожарникари од Велес, како и тимови на Дирекцијата за заштита и спасување со „пинсгауери“. Ангелов во изјавата посочи дека пред да пристигне на местото, разговарал со неколку жители на Ногаевци, кои му кажале дека во изминатите неколку дена пожарот наводно бил предизвикуван во неколку наврати.
Во Скопје пак мириса на чад од пожарот кај косовската граница.
MAКЕДОНИЈА ОД УТРЕ ЌЕ БИДЕ ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА
УХМР предупредува на високи температури. Доаѓа портокалова фаза на територијата на цела Македонија.
Управата за хидрометеоролошки работи попладнево објави портокалов метеоаларм за утре, 6 септември, за територијата на целата држава.
МИЦКОСКИ КАЖА КОЛКАВ РАСТ НА БДП ОЧЕКУВА
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до крајот на годината се очекува раст на БДП меѓу 3,5 и 4 отсто.
Очекувањата, како што наведе се во услови кога светот ја има најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото.
ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ РОМАНЕЦ ЗАТОА ШТО ВОЗЕЛ МНОГУ БРЗО
Полицијата уапси Романец на граничниот премин Табановце затоа што возел со 163 километри на час, на место каде било дозволено до 80 километри на час.
Од полицијата соопштија дека вчера во 11:20 часот, на Табановце, на излез од државата, полицајците го уапсиле Х.В.С.(49) од Романија, откако при проверка на возилото „ауди“ со романски национални ознаки, кое тој го возел, преку системот „Безбеден град“ е констатирано дека е евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
фото принтскрин ДЗС
Можеби ќе ве интересира
Во Скопје пак мириса на чад, Ангелов кажа кои се најголемите жаришта
Во Скопје пак мириса на чад, Ангелов кажа кои се најголемите жаришта
Јотова му се пожали на Фицо дека имаат проблеми со Македонија
Јотова му се пожали на Фицо дека имаат проблеми со Македонија
ВНИМАВАЈТЕ НА ЧЕТИРИ ЛОКАЦИИ: Постои опасност од одрони
ВНИМАВАЈТЕ НА ЧЕТИРИ ЛОКАЦИИ: Постои опасност од одрони
Полицијата уапси човек кој подметнал пожар кај „Лок“
Полицијата уапси човек кој подметнал пожар кај „Лок“
Ангелов: Огнен тим од Битола утрово продолжи со гаснење на пожарот кај Селце и Локов
Ангелов: Огнен тим од Битола утрово продолжи со гаснење на пожарот кај Селце и Локов
Романец е уапсен на Табановце поради пребрзо возење
Романец е уапсен на Табановце поради пребрзо возење









English (US) ·
Macedonian (MK) ·