ARTICLE AD BOX
На неделно ниво се зголеми цената на нафтата.
Цената на суровата нафта Брент денеска малку се намали под влијание на тензиите меѓу САД и Иран, на околу 95 долари за барел, но на неделно ниво се зголеми за речиси осум проценти, што е највисоко од средината на јули.
Американската сурова нафта се тргуваше за околу 90 долари за барел, со неделен раст од речиси девет проценти, најизразен од средината на јули, објави „Трејдинг економикс“.
Меѓусебните напади меѓу САД и Иран се обновија оваа недела за прв пат по околу еден месец, повторно разгорувајќи ги стравувањата од прекини во снабдувањето со нафта.
Расположението на пазарот беше под влијание и на предупредувањата на Израел дека тоа ќе ја „онеспособи“ воената и цивилната инфраструктура на Иран.
Американскиот потпретседател Џеј ди Венс изјави во четврток дека Вашингтон не планира да преговара со Техеран додека Иран не престане да напаѓа комерцијален брод во Ормутскиот теснец.
Иранските власти тврдат дека ја заобиколиле американската поморска блокада.
foto Gemini
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски кажа колкав раст на БДП се очекува до крајот на годината
Мицкоски кажа колкав раст на БДП се очекува до крајот на годината
ДВОЈКА ЈА ПРОДАДЕ КУЌАТА И ЖИВЕЕ ВО КАМП-ПРИКОЛКА: Раскажаа кои се позитивните и негативните страни
ДВОЈКА ЈА ПРОДАДЕ КУЌАТА И ЖИВЕЕ ВО КАМП-ПРИКОЛКА: Раскажаа кои се позитивните и негативните страни
(ВИДЕО) Жена си изградила куќа за осум месеци, а чинела колку подобар автомобил
(ВИДЕО) Жена си изградила куќа за осум месеци, а чинела колку подобар автомобил
Германците најавуваат промени во пензиите: Некои би можеле да добијат 527 евра помалку
Германците најавуваат промени во пензиите: Некои би можеле да добијат 527 евра помалку
Зошто сите сакаат да се приклучат кон ЕУ, освен богатите земји?
Зошто сите сакаат да се приклучат кон ЕУ, освен богатите земји?
Иран ја заобиколи американската поморска блокада за да ги одржи испораките на нафта?
Иран ја заобиколи американската поморска блокада за да ги одржи испораките на нафта?
Адора купи 23.000 квадрати до хотел Русија во Аеродром - која е цената?
Адора купи 23.000 квадрати до хотел Русија во Аеродром - која е цената?









English (US) ·
Macedonian (MK) ·