ARTICLE AD BOX
Омилените летувалишта на Македонците во Грција, кои во летните месеци пулсираат со живот, туристи и метеж, во овој зимски период изгледаат сосема поинаку. Празни плажи, затворени таверни и мирни улици се сликата што деновиве ја прикажуваат видеата објавени од грчките крајбрежни места, кои за многумина се синоним за лето, сонце и одмор, пишува Женски Магазин.
Места како Неа Мармарас, Калитеа, Никити и Торони – во сезона преполни со лежалки, чадори, паркирани возила и туристи од раните утрински до доцните вечерни часови – сега се речиси пусти. Нема редици пред таверните, нема бучава од плажите, туку само звукот на брановите и зимското сонце кое и понатаму го осветлува морето. Иако празни, овие локации и во зима зрачат со посебен мир и убавина, носејќи чувство на спокој и носталгија.
Контрастот меѓу летната гужва и зимската тишина е очигледен, но и потсетник дека оваа слика е само привремена. За само неколку месеци, истите овие плажи повторно ќе бидат исполнети со туристи, чадори, детска смеа и преполни тераси. Веќе сега, голем дел од граѓаните прават планови за летниот одмор и ги резервираат своите аранжмани, кои во овој период се значително поевтини во споредба со цените во пикот на сезоната.
Повеќе детали на Женски Магазин.
Фото: Принтскрин/ видео Инстаграм









English (US) ·
Macedonian (MK) ·