По 3 години пауза Бугарија се врати на Евровизија и победи – Дара со „Bangaranga“ ја освои европската публика

пред 3 месеци 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Синоќа 16.05 во Виена се одржа големото финале на Евровизија, каде победник беше нашиот источен сосед, што значи дека следното големо натпреварување ќе се случува на само 250 km од Скопје.

Бугарија победи на изборот за песна на Евровизија откако енергичната песна „Bangaranga“ на Дара триумфираше на 70-тото издание на најголемиот телевизиски музички настан во светот.

Интересно е тоа што Бугарија ги пропушти последните три изданија на ова гламурозно шоу, но во Виена за првпат во историјата ја освои титулата, престигнувајќи го Израел во самиот финиш при пребројувањето на гласовите. Романија заврши на третото место.

Поп-пејачката Дарина Јотова, позната како Дара, не беше меѓу главните фаворити пред почетокот на Евровизиската недела, но 27-годишната пејачка доби големо внимание по силниот настап во полуфиналето и впечатливата кореографија, пишува Женски магазин.

„Сè е возможно: Бугарија штотуку победи на Евровизија!“, изјави Дара на прес-конференција.

„Навистина сакам да ги кршам правилата. Одлична сум во следење на моите правила – не на туѓите. Сакавме на публиката да ѝ понудиме нешто ново и свежо, нешто неочекувано“, додаде таа.

Инаку, она што Бугарија на Евровизската сцена го понуди беше модерна песна која ги следи трендовите и меша музички правци како трап, електроника, брз и динамичен ритам, заради што успеа да оди многу понапред од некои земји кои годинава се истакнаа со пејачите со извонредни вокални способности.

Бугарскиот вицепремиер Атанас Пеканов на Фејсбук ја нарече победата „величествена приказна за огромен талент, неуморна работа и верба во успехот, и покрај сите критики“.

Оваа година, на сцената немаше скандали, туку тие се случуваа надвор ос настанот. Шпанија, Холандија, Ирска, Исланд и Словенија организираа најголем политички бојкот во историјата на Евровизија поради учеството на Израел, повикувајќи се на војната во Газа, но тоа не спречи Ирзаел сепак на крај да заврши на второто место.

Изгледаше дека израелскиот претставник Ноам Бетан ќе победи со песната „Michelle“, особено по високите поени од телевизиското гласање низ Европа.

Но, кога беа објавени поените од гласањето на публиката за Бугарија, Дара успеа да извојува убедлива победа.

Бугарија заврши со 516 поени, пред Израел со 343, Романија со 296, Австралија со 287, Италија со 281 и Финска со 279 поени.

Српската метал-група „Лавина“ имаше најжесток вокал на вечерта, претставникот на Чешка Даниел Зизка настапи низ лавиринт од огледала, додека литванскиот изведувач Лион Цеках, обоен во сребрена боја, внесе мистична атмосфера.

Извор: Женски магазин/ Б. С. Б.


Прочитај ја целата статија