Некои желби едноставно мора да почекаат

пред 5 месеци 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Некои утра започнуваат сосем исто. Како под индиго. Кафе, туш, шминка, ташна, клучеви, мобилен… Семафори, гужва, дуќан, цвеќе… И сѐ така во круг…секој ден. И во тој „секој ден“, ти знаеш дека имаш нешто, кое што многу го сакаш, а кое знаеш дека ниту денеска, ниту утре, ниту друг ден нема да се случи. Желби се тоа, кои се ставени на листа на чекање и кои никако да „созреат“ за да се остварат. Можеш да пукнеш и „не се отвара“. Просто „не се отвара“. Не затоа што е „цел свет против тебе“, ниту пак затоа што се случило нешто лошо, или пак затоа што ти си направил нешто лошо. Ништо од ова. Туку просто и и едноставно, затоа што сѐ уште не им е време да се остварат.

Си седам така со другарка ми на кафе пред некој ден у Дебар маало, ете така на обичен муабет, на „тинтири -минтири“, што си велам јас, а желбава ме скокотка. Сѐ е некако тука присутна и ме „глоќка“, како камче у кондура. Не сакам да ја зборам, а таа ми се плетка меѓу мислите и муабетот. Си се подсмевам тивко и во себе и терам со муабетот. Ја ставам на пауза.

Целиот текст на Женски магазин.

Прочитај ја целата статија