(ВИДЕО) Пожар „проголта“ куќи во Албанија

пред 21 часа 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Пожар уништи куќи во Албанија. 

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата на општина Химара, на албанското крајбрежје. Поради силниот ветер, огнот брзо се проширил и го загрозил околното подрачје и неколку куќи, јавува дописникот на „Топ чанел“, Микел Марси.

Досега е пријавено дека пожарот целосно уништил шест куќи. Три од нив биле населени, а три биле празни.

Како што се ширел огнот, неколку жители и туристи биле принудени да ги напуштат домовите и објектите во кои престојувале и да се упатат на побезбедни места. Според првичните информации, нема повредени.

 Околу 2 часот по полноќ избувнал пожар и во уште една куќа, што дополнително ја зголемило паниката меѓу семејствата што живеат во областа.

Големиот пожар предизвикал значителна материјална штета, а пожарникарите продолжуваат со напорите за ставање на огнот под контрола и негово гаснење.

Пожар избувнал и во областа Фиер, каде што пламените јазици брзо се прошириле кон Леван, Пештан и кон Вогел, зафаќајќи маслинови насади, борови шуми, грмушки и објекти. Поради приближувањето на огнот кон населените места, според првичните медиумски извештаи, околу 15 семејства биле евакуирани.

Ова лето пожари имаше во Србија, Грција, Хрватска, Турција, Франција, Шпанија. 

foto printskrin

Agjencia për Media dhe Informim sapo ka dhënë alarmin
THIRRJE URGJENTE PËR EVAKUIM
për Himarën.
Urgjente është situata edhe në fshatrat e Fierit, Levan, me disa shtëpi të djegura... @ediramaal o plehr, po të akuzojnë ty për mos reagim në kohë. pic.twitter.com/d4ve5N0g0G

— zë (@ilirisht) September 4, 2026

Можеби ќе ве интересира

Каков е ставот на Рама за ветото во ЕУ?

Каков е ставот на Рама за ветото во ЕУ?

Вучиќ до Кос: Требаше ли да го забраниме самиот погреб на Младиќ?

Вучиќ до Кос: Требаше ли да го забраниме самиот погреб на Младиќ?

Радев ја брани Русија: Нели e неодговорно водечките европски земји да испраќаат свое оружје со долг дострел?

Радев ја брани Русија: Нели e неодговорно водечките европски земји да испраќаат свое оружје со долг дострел?

Марта Кос нема да оди во Србија поради величење на Младиќ, со реакција се јави Вучиќ

Марта Кос нема да оди во Србија поради величење на Младиќ, со реакција се јави Вучиќ

Остри критики од Стразбур за глорификацијата на Младиќ: „Величењето на воени злосторници е кривично дело

Остри критики од Стразбур за глорификацијата на Младиќ: „Величењето на воени злосторници е кривично дело

За што ќе служат роботите Made in Serbia? Од корен ќе им го олеснат животот на луѓето — еве кои се нивните главни примени

За што ќе служат роботите Made in Serbia? Од корен ќе им го олеснат животот на луѓето — еве кои се нивните главни примени

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ во Белград го пречекаа со воени почести

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ во Белград го пречекаа со воени почести

Телото на Младиќ ќе пристигне во Србија, Вучиќ не откри многу за погребот

Телото на Младиќ ќе пристигне во Србија, Вучиќ не откри многу за погребот

Симеон Михаилов се огласи од Бугарија, тврди дека неговиот случај го враќаат во фокус поради судењето на ќерка му

Симеон Михаилов се огласи од Бугарија, тврди дека неговиот случај го враќаат во фокус поради судењето на ќерка му

Прочитај ја целата статија