(ВИДЕО) Русија го гаѓаше седиштето на украинската тајна служба, а Зеленски вети одмазда

пред 1 ден 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Русија го нападна Киев, а погодени се седиштето на украинската тајна служба и магацин на СЗО. Во нападот има повредени.

Руски дрон денеска го погодил седиштето на украинската Служба за безбедност (СБУ) во центарот на Киев, при што најмалку 12 луѓе се повредени, објави „Киев индепендент“.

Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека е оштетена ненаселена зграда во областа Шевченкивски.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дронот бил насочен кон канцеларијата на вршителот на должноста шеф на СБУ, Олександар Поклад.

СБУ потврди дека канцеларијата на Поклад била намерно погодена, но дека нападот не ја постигнал целта бидејќи тој не бил повреден. Од службата порачаа дека „Русите ќе добијат болен одговор на нивните удари“.

„На Поклад му дадов задача соодветнои, ако е можно, симетрично да одговори на овој руски напад штом сè биде подготвено“, изјави Зеленски.

Подоцна Зеленски соопшти дека Украина ќе изврши одмазднички напади, а времето на нивното изведување ќе биде избрано „за максимален ефект“, откако Поклад го информирал за нападот.

Нападот се случил во близина на катедралата „Света Софија“, една од најпознатите историски знаменитости во центарот на Киев. Прекин на огнот може да има дури во 2027 година. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

foto X

Russian drone struck the headquarters of the Security Service of Ukraine (SBU) in Kyiv on Friday afternoon.

The drone impacted the cabinet of the SBU's head, Ukrainian President Zelensky informed. pic.twitter.com/sTTyRu2cHQ

— Status-6 (War & Military News) (@Archer83Able) September 4, 2026

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Ова е италијанско село до кое се стигнува преку 1.400 камени скали

(ВИДЕО) Ова е италијанско село до кое се стигнува преку 1.400 камени скали

Путин нареди прекин на напади на Киев, но до кога?

Путин нареди прекин на напади на Киев, но до кога?

Во кои европски земји има најмногу дебели луѓе?

Во кои европски земји има најмногу дебели луѓе?

ИСПРАВЕНА Е ВЕКОВНА ГРЕШКА: Ова е новата карта на светот

ИСПРАВЕНА Е ВЕКОВНА ГРЕШКА: Ова е новата карта на светот

Луѓе загинале при кражба на нафта од брод

Луѓе загинале при кражба на нафта од брод

(ВИДЕО) Девет дена по поплавите двајца работници се спасени од тунел во Непал

(ВИДЕО) Девет дена по поплавите двајца работници се спасени од тунел во Непал

Буданов за состојбата во Украина: Не можете да водите војна цел живот

Буданов за состојбата во Украина: Не можете да водите војна цел живот

Зошто Того бара смена на картата на светот?

Зошто Того бара смена на картата на светот?

Двајца бугарски државјани денеска пред истражен судија поради сомнение за подметнување пожар во Германија

Двајца бугарски државјани денеска пред истражен судија поради сомнение за подметнување пожар во Германија

Прочитај ја целата статија