„Во Македонија имам најголема трема – затоа што вие најубаво пеете“ – Раде Шербеџија ексклузивно за Женски магазин

пред 7 месеци 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Можеби го знаете по улогата на Александар во „Пред дождот“, или пак улогата на Борис во „Снеч“? Или пак допреле до вас стиховите на песната „Не дај се Инес“, или можеби изведбата на македонската песна „Елено ќерко“? Тој е глумец, поет, пејач и се истакнува во повеќе уметнички сфери. Раде Шербеџија, е името кое им е познато на сите екс-ју држави, а во екслузивно интервју за Женски магазин, разговаравме токму за неговиот живот, актерската кариера во филмот и театарот, неговиот претстоен концерт во Македонската Филхармонија со неговиот бенд „Западни колодвор“, и неговата силна поврзаност со Македонија.

Денеска (23 јануари) македонската публика ќе има можност да ги чуе неговите хитови во Македонската Филхармонија. Следствено на тоа, го прашавме Шербеџија какви спомени го врзуваат за концертите во Македонија.

- Минатата година имав концерт во Скопје. Беше прекрасно, како и секојпат кога се среќавам со македонската публика. Меѓу нас постои некаква тајна врска. Ги обожавам македонските песни и имам многу пријатели меѓу македонските музичари.

Пред сѐ, тоа е легендарниот Влатко Стефановски, со кого ме врзува долгогодишно и искрено пријателство. Нашите семејства се познаваат и дружат. Неговата прекрасна сопруга Гордана, ќерката Ана, синот Јан и братот Горан се дел од нашето семејство.

Нашите први средби беа со бендот „Леб и сол“. Тие беа со нас на нашата позната американска турнеја со претставите „Ослободување на Скопје“ и „Карамазови“, каде што свиреа во живо. Таа далечна 1982 година за претставата „Ослободување на Скопје“ добивме многу значајна награда во Америка – наградата „OBI“, која ја доделуваше „Village Voice“ за најдобра претстава на годината во Њујорк.

По враќањето од турнејата, Влатко ме покани како гостин на концертот на бендот „Леб и сол“ во Загреб, во големата спортска сала, и тогаш заедно ја пеевме песната „Си заљубив едно моме“. Тоа беше незаборавно.

Освен со Влатко, соработувам и со други извонредни музичари од Македонија. Со Гаро и неговите синови, браќата Тавитјан, направив две одлични песни. Настапував во Скопје уште во далечните осумдесетти години со Игор Џамбазов, а со Арсен често гостував во Македонија како негов гостин на концерти.

Значи, навистина сум цврсто поврзан со македонската публика и морам да признаам дека токму во Македонија имам најголема трема, затоа што вие Македонците, толку добро пеете... Особено бев среќен кога мојата песна „Ето песма“ пред неколку години освои „Буба Мара“ како најпопуларна песна на годината во Македонија. Тоа беше прекрасно признание и за мене, и за мојот оркестар, но и за нашиот Хусеин Хаџиефендиќ – легендарниот Хуса, шеф на „Парни ваљак“, кој ја напиша таа песна за мене – изјави актерот.

Целиот разговор со Шербеџија може да го прочитате на Женски магазин.

Прочитај ја целата статија