Двајца бугарски државјани денеска пред истражен судија поради сомнение за подметнување пожар во Германија

пред 1 ден 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

вајцата бугарски државјани, уапсени под сомнение дека учествувале во подметнување пожар на градилиште во близина на компании за одбранбени технологии во Минхен, денеска треба да се појават пред истражен судија, соопшти Баварската криминалистичка полиција, цитирана од ДПА.

Судијата треба да одлучи дали ќе го продолжи притворот на 28-годишната жена и 38-годишниот маж.

Тие се осомничени дека вчера од автомобил фрлиле неколку запаливи направи кон градилиште во близина на источната железничка станица во Минхен и објекти на компаниите за производство на дронови „Хелсинг“ и „Роде и Шварц“.

Најмалку една од направите предизвикала пожар, што подоцна бил изгаснат. Не е причинета значителна материјална штета, соопшти портпарол на полицијата, додавајќи дека друга направа била деактивирана од специјалисти.

Портпаролот одбил да ги коментира информациите на германскиот весник „Билд“ дека по нападот била спроведена полициска операција во стан во Унтерхахинг, јужно од Минхен.

Засега нема други осомничени во случајот, изјави портпаролот. 

Можеби ќе ве интересира

Пет земји од ЕУ преговараат за депортациски центри надвор од Унијата

Пет земји од ЕУ преговараат за депортациски центри надвор од Унијата

Објавено е кои европски земји имаат најмногу, а кои најмалку луѓе со факултет

Објавено е кои европски земји имаат најмногу, а кои најмалку луѓе со факултет

Путин најави можност за мировен договор со Украина, САД и Кина подготвени да помогнат

Путин најави можност за мировен договор со Украина, САД и Кина подготвени да помогнат

Германија ја забрзува воената подготовка, генерал предупредува дека „непријателот нема да чека“

Германија ја забрзува воената подготовка, генерал предупредува дека „непријателот нема да чека“

Кои се најдобрите туристи во светот?

Кои се најдобрите туристи во светот?

Путин вели дека секој што би се обидел да ја „проголта“ Русија ќе помине многу лошо

Путин вели дека секој што би се обидел да ја „проголта“ Русија ќе помине многу лошо

ЗЕЛЕНСКИ ГИ ПРЕДУПРЕДИ АВИОКОМПАНИИТЕ: Руското небо станува апсолутно опасно

ЗЕЛЕНСКИ ГИ ПРЕДУПРЕДИ АВИОКОМПАНИИТЕ: Руското небо станува апсолутно опасно

За 10 минути во Непал можело да бидат избегнати големите човечки загуби?

За 10 минути во Непал можело да бидат избегнати големите човечки загуби?

„Амазон“ обвинет за вештачко зголемување на цените за рекламирање и илегална заработка од милијарди долари

„Амазон“ обвинет за вештачко зголемување на цените за рекламирање и илегална заработка од милијарди долари

Прочитај ја целата статија