ARTICLE AD BOX
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа ексклузивно најави дека од денес започнува уривањето на објектите и пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“.
Ѓорѓиевски информираше дека е завршен рокот за иселување на жителите на кои им е целосно исплатена експропријацијата, со што се отстранети сите пречки за почеток на активностите. Со пробивањето на трасата ќе се создадат услови мостот конечно да биде целосно ставен во функција.
Станува збор за мостот кој во јавноста со години беше познат како „мостот што не води никаде“ и „мостот за ловење риба“, бидејќи беше изграден без соодветно сообраќајно поврзување.
Градоначалникот посочи дека практиката од минатото, граѓаните да бидат оставани без одговор и со години да чекаат исплата, е завршена. Надоместокот за експропријацијата бил исплатен уште следниот ден, а Градот им помогнал на жителите и во целиот процес на иселување.
Ѓорѓиевски нагласи дека лично застанал зад овие граѓани и дека ниту еден човек не бил оставен сам да се справува со проблемот.
Со почетокот на пробивањето на трасата се исполнува уште едно големо ветување. Иако реализацијата беше најавена во рок од четири години, проектот ќе биде завршен многу порано – како доказ дека кога се работи одговорно и посветено, резултатите не чекаат.
Можеби ќе ве интересира
ДО СРЕДИНАТА НА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО И ТОПЛО: УХМР ја објави прогнозата
ДО СРЕДИНАТА НА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО И ТОПЛО: УХМР ја објави прогнозата
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден човек почина од западнонилска треска
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден човек почина од западнонилска треска
Ќе биде отворен граничен премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија
Ќе биде отворен граничен премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија
АХВ: Има над 130 пријави, а западнонилската треска е потврдена кај два угинати гаврани во Скопје и еден во Ресен
Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово
Македонски полициски хеликоптер гасне пожар во Косово
Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?
Каква е состојбата на момчето кое беше прободено во Чаир?
Кои познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот биле во телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов?
Мицкоски тврди дека изјавата на Маѓар не се однесува на земјите од Западен Балкан
Мицкоски тврди дека изјавата на Маѓар не се однесува на земјите од Западен Балкан









English (US) ·
Macedonian (MK) ·