ARTICLE AD BOX
Вечерва на натпреварот со Романија, кога македонските ракометари ќе погледнат кон трибините и ќе ги видат знамињата, лицата на навивачите и ќе ги слушнат нивните гласови, ќе добијат дополнителен мотив за победа. Ќе играат и за нив. За секој километар што го пропатувале, за секоја ноќ помината во автобус, за секоја жртва направена за да бидат таму. Во тие моменти раката станува посигурна, срцето посилно. Навивачите се седмиот играч. Тие се енергија што не се тренира, туку се чувствува.
Патуваа повеќе од 1.800 километри со автобус до Хернинг, Данска, со замор во очите, но, со гордост во градите. Не прашуваа колку трае патот, туку дали ќе стигнат навреме да ја испеат химната.
За нив не постои километража, ниту минусни температури. Постојат само црвената и жолтата боја. Постојат срцата што чукаат во ист ритам и песната што се пее и кога се радуваат и кога треба да им дадат сила на ракометарите, за пресврт, за нова победа.
Целиот текст на Женски магазин.









English (US) ·
Macedonian (MK) ·