Марта Кос нема да оди во Србија поради величење на Младиќ, со реакција се јави Вучиќ

пред 2 дена 1
ARTICLE AD BOX

Марта Кос нема да оди во Србија поради величење на Младиќ, со реакција се јави Вучиќ

Еврокомесарката Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на сега веќе покојниот српски генерал Ратко Младиќ, а за српскиот претседател Александар Вучиќ објаснувањето е „глупаво“. 

Младиќ беше осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. 

„Враќањето на неговите останки во Белград ја потсетува Европа на најтемните страници од нашата понова историја“, напиша Кос на својот профил на социјалните мрежи.

Како што додаде, „величањето што следи по неговата смрт е некомпатибилно со вредностите врз кои е изграден патот кон ЕУ. 

„Вредностите врз кои почива нашата заедничка иднина не се предмет на преговори. Во овој контекст, решив да не ја реализирам планираната посета на Србија во овој момент“, напиша таа.

Кос рече дека начинот на кој ќе се одвива погребот на Младиќ ќе биде земен предвид при оценувањето на усогласеноста на Србија со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, што е клучен услов за членство во ЕУ.

Вучиќ денеска го нарече објаснувањето за одложувањето на посетата на европската комесарка Марта Кос на Белград глупаво.

„Објаснувањето беше исклучително кратко, но глупаво, како и обично. ‘Глорификацијата’ на генералот Ратко Младиќ едноставно не кажува кој нешто глорификувал. А кога не можат да најдат ништо конкретно, тогаш се занимаваат со подвозници, надвозници, претпоставувам дека требаше да им забраниме на луѓето да се појавуваат, требаше да забраниме погреби, треба да градиме гробишта за кучиња“, изјави тој,

Телото на Младиќ, кој почина во Хаг на 27 август на 85-годишна возраст, вчера со авион на Владата на Република Србија е донесено во Белград. 

Младиќ ќе биде погребан на Топчидерските гробишта во Белград, покрај својата ќерка Ана, чија трагична смрт со децении е обвиена со мистерија. Комеморацијата ќе се одржи во сабота, на 5 септември, во Домот на војската во Белград, додека погребот е закажан за понеделник, 7 септември.

Српскиот претседател Александар Вучиќ особено го нагласи безбедносниот аспект на погребот, на кој, според процените на српските безбедносни служби, се очекуваат десетици илјади луѓе.

foto printskrin youtube

Прочитај ја целата статија