Нè чека ли зимата на векот? Поларниот вртлог повторно ги крева алармите

пред 1 недела 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

За разлика од другите делови на светот, Ел Нињо врз Европа влијае само индиректно. Клучни се случувањата над северниот Атлантик, како и млазната струја и поларниот вирт над Арктикот.

Супер Ел Нињо веќе поттикнува шпекулации за зима каква што се случува еднаш во еден век. Сепак, за Европа посебно клучни се млазната струја и поларниот вирт. Сè уште е рано да се зборува за конечниот исход. Метеоролозите во моментов разгледуваат три многу различни сценарија, а расправата ја покрена исклучително силната фаза на Ел Нињо во тропскиот Пацифик. Водата таму на одделни места е потопла за повеќе од два и пол степени од повеќегодишниот просек. Во стручните кругови веќе се зборува за супер Ел Нињо. Овој феномен може да има големи последици ширум светот: во Австралија погодува за појава на суши, во Јужна Америка за поплави, а може да донесе и екстремни горештини. За Европа, меѓутоа, од тоа не може автоматски да се извлече заклучок за посебно студена зима.

За разлика од другите делови на светот, Ел Нињо врз Европа влијае само индиректно. Клучни се случувањата над северниот Атлантик, како и млазната струја и поларниот вирт над Арктикот. Историјата го потврдува тоа. За време на досега најсилниот супер Ел Нињо во 1997/1998 година, Германија, на пример, ја имаше една од најблагите зими. Затоа, вековна зима не е однапред програмирана, пишува „Хојте“ (Heute).

Сè уште е целосно неизвесно што ќе донесе претстојната зима. Можни се три многу различни сценарија:

  • Прво сценарио: Ќе преовладуваат благи и врнежливи услови. Би можело да има бури, па дури и оркански удари на ветер, а би пораснала и опасноста од поплави.

  • Второ сценарио: Зима каква што е сè почеста во последните години — променлива и блага, со редок снег во пониските предели.

  • Трето сценарио (кое најмногу ги интересира љубителите на снегот): Силниот Ел Нињо може да влијае врз поларниот вирт. Доколку тој ослабе и стане нестабилен, студениот поларен воздух може да продре далеку на југ. Ваквиот продор на студ би можел да се случи пред сè во вториот дел од зимата.

Од трите варијанти, континуирано студената и снежна зима во моментов се смета за најмалку веројатна. Благиот и бурен тек изгледа пореалистично. Сè уште не е можно сигурно да се предвиди развојот. Дали навистина се заканува „зима на векот“ нема да се одлучи само над топлиот Пацифик. Во следните недели пресудна ќе биде судбината на поларниот вирт.

Додека во тропскиот Пацифик забрзано се развива исклучително снажен супер Ел Нињо, во Индискиот Океан истовремено зајакнува нова океанска аномалија, позната како позитивен дипол на Индискиот Океан. Заедничкото влијание на овие две појави, според најновите сезонски прогнози, значително ќе ги преобликува временските обрасци на северната хемисфера во текот на зимата 2026/2027 година, со изразени последици за Соединетите Американски Држави, Канада и Европа, објави „Сивир ведер јуроп“ (Severe Weather Europe) во недамнешните предвидувања.

Во Европа, комбинацијата од супер Ел Нињо и позитивниот дипол на Индискиот Океан фаворизира засилено западно струење на воздухот од Атлантикот. Прогнозите покажуваат висок воздушен притисок над јужна Европа и Средоземјето, како и низок притисок над северозападните и северните делови на континентот. Тоа значи претежно повисоки температури од просекот ширум Европа, благодарение на благото атлантско влијание, и повеќе врнежи, особено на северозапад и на север. Снегот главно ќе биде ограничен на северните и североисточните региони, како и на повисоките планински делови во средна Европа, бидејќи студениот воздух поретко ќе се спушта далеку на југ. Сепак, одделни циклонски системи можат да донесат локални снежни епизоди и во внатрешноста.

Комбинацијата од исклучително силниот супер Ел Нињо и позитивниот дипол на Индискиот Океан создава моќен тропски мотор кој во текот на зимата 2026/2027 година силно ќе ги обликува млазните струи. За Северна Америка тоа значи остар климатски расцеп и потенцијално активна снежна сезона во централните и јужните делови, додека Европа може да очекува главно поблага и поврнежлива зима со посилно атлантско влијание.

Вечерњи.хр

Можеби ќе ве интересира

GTA 6: Видео играта која ќе ја промени гејминг и забавната индустрија или напумпани прогнози

GTA 6: Видео играта која ќе ја промени гејминг и забавната индустрија или напумпани прогнози

Право во дата центарот - Политичка зомбификација за туѓи интереси

Право во дата центарот - Политичка зомбификација за туѓи интереси

СДСМ се зацврсти како опозициска партија на ... Александар Вучиќ?!

СДСМ се зацврсти како опозициска партија на ... Александар Вучиќ?!

КОЛАПС НА ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ: Дали „Супер Ел Нињо“ ќе ни донесе една од најстудените зими?

КОЛАПС НА ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ: Дали „Супер Ел Нињо“ ќе ни донесе една од најстудените зими?

Прочитај ја целата статија