Романец е уапсен на Табановце поради пребрзо возење

пред 19 часа 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Полицијата уапси Романец на граничниот премин Табановце затоа што возел со 163 километри на час, на место каде било дозволено до 80 километри на час. 

Од полицијата соопштија дека вчера во 11:20 часот, на Табановце, на излез од државата, полицајците го уапсиле Х.В.С.(49) од Романија, откако при проверка на возилото „ауди“ со романски национални ознаки, кое тој го возел, преку системот „Безбеден град“ е констатирано дека е евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Вчера во 06:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, Х.В.С. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Претходно и Холанѓанец беше уапсен поради пребрзо возење, а истото се случи и со српска државјанка. Многу српски граѓани на враќање од Грција платија казни затоа што ја надминале дозволената брзина. 

фото МВР

Можеби ќе ве интересира

Стевчо Јакимовски е однесен на операција

Стевчо Јакимовски е однесен на операција

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има сомнежи дека некој намерно ја пали шумата во Градско

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Има сомнежи дека некој намерно ја пали шумата во Градско

Во Скопје пак мириса на чад, Ангелов кажа кои се најголемите жаришта

Во Скопје пак мириса на чад, Ангелов кажа кои се најголемите жаришта

Јотова му се пожали на Фицо дека имаат проблеми со Македонија

Јотова му се пожали на Фицо дека имаат проблеми со Македонија

Македонија влегува во портокалова фаза

Македонија влегува во портокалова фаза

ВНИМАВАЈТЕ НА ЧЕТИРИ ЛОКАЦИИ: Постои опасност од одрони

ВНИМАВАЈТЕ НА ЧЕТИРИ ЛОКАЦИИ: Постои опасност од одрони

Полицијата уапси човек кој подметнал пожар кај „Лок“

Полицијата уапси човек кој подметнал пожар кај „Лок“

Ангелов: Огнен тим од Битола утрово продолжи со гаснење на пожарот кај Селце и Локов

Ангелов: Огнен тим од Битола утрово продолжи со гаснење на пожарот кај Селце и Локов

Ако тргнувате на пат, гужва има на граница

Ако тргнувате на пат, гужва има на граница

Прочитај ја целата статија