ARTICLE AD BOX

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека телото на Ратко Младиќ, кој почина во Хаг, се очекува во доцните попладневни часови да пристигне во Србија.
Тој додаде дека најважно е надлежните служби да обезбедат целиот процес да помине без проблеми, оценувајќи дека пред нив претстои сложена безбедносна задача.
„Пред нашите служби е многу тешка и сложена задача. Безбедносните проценки на БИА и на другите служби се движат во рамките на неколку десетици илјади луѓе, па затоа безбедноста е приоритет“, изјави српскиот претседател.
Вучиќ не сакаше да открива детали за погребот, упатувајќи ги новинарите до семејството на Младиќ.
Според проценките на безбедносните служби и Министерството за внатрешни работи, на погребот би можеле да присуствуваат десетици илјади луѓе. Вучиќ посочи дека поради тоа, како и поради локацијата на гробиштата и местото на погребот, обезбедувањето ќе биде особено сложено.
Тој наведе дека проценките се направени од Безбедносно-информативната агенција, Воено-безбедносната агенција, Воено-разузнавачката агенција и МВР.
Младиќ беше осуден за воени злосторства извршени во Босна и Херцеговина(БиХ).









English (US) ·
Macedonian (MK) ·