ARTICLE AD BOX
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Финансиската полиција, првопријавениот Б.З., во својство на сопственик и управител на пријавениот правен субјект, не ги признал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 30.946.170 денари, прикажани во бруто-билансот за 2025 година. Според наводите во пријавата, овие обврски биле застарени согласно Законот за облигационите односи, а за нив не биле поведени судски постапки за наплата.
И покрај законската обврска, пријавениот не ја искажал соодветната даночна обврска во даночниот биланс за 2025 година, поради што не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка во износ од 3.094.617 денари.
Воедно, Финансиската полиција утврдила дека книговодствено евидентираните дадени позајмици кон физички лица во износ од 14.254.665 денари, кои не биле вратени до крајот на годината, не биле евидентирани како непризнаени расходи за даночни цели. За овие средства, според пријавата, не бил пресметан, пријавен и платен данок на добивка во износ од 1.425.467 денари.
- Со наведените дејствија, физичкото и правното лице не ги пресметале, не ги пријавиле и не ги уплатиле законски утврдените даночни обврски, со што го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 4.520.084 денари - информираат од Управата за финансиска полиција.
Можеби ќе ве интересира
МОН НЕ ДОДЕЛИЛО СТИПЕНДИЈА НА СИНОТ НА МИЛОШОСКИ: Демант од министерката за образование
МОН НЕ ДОДЕЛИЛО СТИПЕНДИЈА НА СИНОТ НА МИЛОШОСКИ: Демант од министерката за образование
Полициска „шкода“ се судри со патничко возило во Скопје, повредени тројца службеници на МВР
Полициска „шкода“ се судри со патничко возило во Скопје, повредени тројца службеници на МВР
Јаневска: Засега нема субвенции за меѓуградски превоз за студентите
Јаневска: Засега нема субвенции за меѓуградски превоз за студентите
Крадел пригушници од железничка пруга: Приведен скопјанец, украдените делови вратени на „Железници“
Крадел пригушници од железничка пруга: Приведен скопјанец, украдените делови вратени на „Железници“
Снимка од Широк Сокак отвори нова мистерија: Непознат човек го влечел струмичанецот пред да биде најден мртов
Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
Денес започнува уривањето на објектите и пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“
ДО СРЕДИНАТА НА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО И ТОПЛО: УХМР ја објави прогнозата
ДО СРЕДИНАТА НА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО И ТОПЛО: УХМР ја објави прогнозата









English (US) ·
Macedonian (MK) ·