Јаневска: Засега нема субвенции за меѓуградски превоз за студентите

пред 1 ден 1
ARTICLE AD BOX

Добивај вести на Viber

Министерството за образование и наука во моментов не предвидува бесплатен или субвенциониран меѓуградски превоз за студентите, и покрај зголемувањето на цените на билетите, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарско прашање за студентите кои секојдневно патуваат од други градови до универзитетските центри и се соочуваат со повисоки трошоци за превоз, Јаневска рече дека бесплатен превоз е обезбеден само таму каде што за тоа постојат услови и соодветни одлуки.

„Имаат бесплатен превоз во град. Меѓуградски во моментов не сме предвиделе“, рече Јаневска.

Таа посочи дека основното и средното образование во земјава се бесплатни, додека студирањето, според неа, е со ниска партиципација.

„Студирањето е речиси бесплатно, затоа што имаме минимална партиципација во земјава за студиите. Студентите имаат можности да се запишат на шест државни универзитети и, како што сум информирана, ги избираат оние што најмногу им одговараат“, изјави министерката.

Јаневска нагласи дека во моментов приоритетите на Министерството се насочени кон подобрување на квалитетот на образованието, едносменската и целодневната настава, промени во наставните програми во високото образование и подготовка на нов закон за високото образование.

Министерката денеска одговараше на новинарски прашања при поставувањето камен-темелник за нова спортска сала во ООУ „Братство“ во Карпош. На настанот присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски.

Можеби ќе ве интересира

МОН НЕ ДОДЕЛИЛО СТИПЕНДИЈА НА СИНОТ НА МИЛОШОСКИ: Демант од министерката за образование

МОН НЕ ДОДЕЛИЛО СТИПЕНДИЈА НА СИНОТ НА МИЛОШОСКИ: Демант од министерката за образование

Полициска „шкода“ се судри со патничко возило во Скопје, повредени тројца службеници на МВР

Полициска „шкода“ се судри со патничко возило во Скопје, повредени тројца службеници на МВР

Финансиска полиција со кривична пријава, Буџетот оштетен за над 4,5 милиони денари

Финансиска полиција со кривична пријава, Буџетот оштетен за над 4,5 милиони денари

Крадел пригушници од железничка пруга: Приведен скопјанец, украдените делови вратени на „Железници“

Крадел пригушници од железничка пруга: Приведен скопјанец, украдените делови вратени на „Железници“

Снимка од Широк Сокак отвори нова мистерија: Непознат човек го влечел струмичанецот пред да биде најден мртов

Снимка од Широк Сокак отвори нова мистерија: Непознат човек го влечел струмичанецот пред да биде најден мртов

Вкупно 31 пожар на отворен простор

Вкупно 31 пожар на отворен простор

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност

Денес започнува уривањето на објектите и пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“

Денес започнува уривањето на објектите и пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“

ДО СРЕДИНАТА НА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО И ТОПЛО: УХМР ја објави прогнозата

ДО СРЕДИНАТА НА НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО И ТОПЛО: УХМР ја објави прогнозата

Прочитај ја целата статија